КВАЛИФИКАЦИИ ЗА ФИФА СВЕТСКО ПРВЕНСТВО КАТАР 2022

Ангеловски: Повиканите играчи се оние кои нѐ однесоа на ЕУРО

Селекторот на македонската фудбалска репрезентација го коментираше објавениот список за претстојните натпревари, список кој повторно предизвика лавина реакција кај навивачите.

Фото: ФФМ

На денес објавениот список на повикани фудбалери повторни има играчи кои македонската фудбалска јавност не може да сфати зошто се повикани. Играчи кои не играат во своите клубови, илипка во репрезентацијата се вечни резерви, но според критериумите на селекторот заслужуваат повик.

„Списокот е составен од играчи кои беа дел од репрезентацијата веќе подолг период. Може да се забележи дека 99% од повиканите играчи се оние истите кои претходно го понесоа товарот, играа во Лигата на нации и квалификациите за ЕУРО и успеаја да ѝ го донесат историскиот успех на Македонија со пласманот на Европското првенство за прв пат во својата историја во сениорска конкуренција, нешто на кое чекавме од нашата независност“, вели Игор Ангеловски, пренесува ФФМ.

Иако многумина очекуваа промени, оние кои долго време ја пратат репрезентацијата и го познаваат начинот на работа на селекторот, знаат дека Ангеловски и порано работел според истиот принцип на повикување проверени и пред сѐ воиграни играчи и кои се добро вкомпонирани во тимскиот дух.

„Како човек и како селектор, никогаш не би му го одземал правото на некој да биде дел од националниот тим, а тоа да го заслужува и со односот кон репрезентативниот дрес и со постигнатите резултати преку повеќегодишна макотрпна работа“, заврши тој.

Според последнава изјава, сепак нејасно останува со кој однос не заслужија повик на пример Љупчо Дориев и Давид Митов Нилсон. Зошто шанса не им се дава да покажат дали заслужуваат повик Бојан Миовски, Дарко Чурлинов, Себастиан Ерера Кардона, Давид Бабунски, Леонард Жута, Јани Атанасов, Лука Станковски?

реклама

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

Израел го нападна Иран, пристигна првото видео

Read more

Како изгледал етничкиот состав на цела Македонија во 1905 година?

Read more

5 хороскопски знаци кои се родени за да се збогатат во животот

Read more

Фудбал

Манчестер Сити пред мегатрансфер – тргна по еден од најскапите во светот

Read more

Баерн извиси

Read more

Познати полуфиналните двојки од Европската и Конференциската лига, кошмарна сезона за Англичаните

Read more

Зошто Пеп ги извади најдобрите изведувачи на пенали во продолженијата?

Read more
 

Спорт

Манчестер Сити пред мегатрансфер – тргна по еден од најскапите во светот

Читај повеќе

Баерн извиси

Читај повеќе

Познати полуфиналните двојки од Европската и Конференциската лига, кошмарна сезона за Англичаните

Читај повеќе

Зошто Пеп ги извади најдобрите изведувачи на пенали во продолженијата?

Читај повеќе

Де Роси ќе остане тренер на Рома и во следната сезона

Читај повеќе

Двајца играчи на Реал побарале да не шутираат пенал, едниот се плашел од Едерсон

Читај повеќе

ФФМ и федерациите од регионот му дадоа безусловна поддршка на Чеферин

Читај повеќе

Откриено зошто Денвер го избрал Јокиќ наместо Нуркиќ во 2017

Читај повеќе

Роналдо го сотре бившиот клуб

Читај повеќе