КВАЛИФИКАЦИИ ЗА ФИФА СВЕТСКО ПРВЕНСТВО КАТАР 2022

Ангеловски со проверени фудбалери ги почнува мундијалските квалификации

Филип Здравески
/ 15.03.2021 / 13:36

Селекторот на македонската фудбалска репрезентација, Игор Ангеловски, денеска објави список од 26 фудбалери на кои ќе смета за претстојните три квалификациски натпревари за пласман на Мундијалот во Катар 2022.

Единаесетмината од баражот со Косово; Фото: ФФМ

Општо гледано, ништо ново. Истите имиња плус едвај еден повратник и еден дебитант. Даниел Аврамовски по добрите игри во Турција се очекуваше да биде повикан, а прв пат меѓу сениорите е младиот голман Ристе Јанков кој одлично брани за Работнички.

Повратници во репрезентацијата се Марјан Радески, кој годинава почна полека да си ја враќа формата во редовите на Академија Пандев, како и Ферхан Хасани чиј повик е несфатлив со оглед на тоа што во албански Партизани годинава има вкупно одграно, верувале или не, цели 9 минути. Веројатно доволно за во репрезентација.

Во поглед на минатите состави од есеноска, не добија повик Томе Китановски, Кристијан Тошевски, Дарко Мицевски, Еннур Тотре, Љупчо Дориев, Душко Трајчевски и голманот Даниел Божиновски. За Тотре и беше очекувано со оглед на тоа што не игра во Шкендија откако клубот одлучи така бидејќи не сакаше да го продолжи договорот.

Иако периодов на големо низ јавноста циркулираше веста дека повик ќе добие латералниот бек Себастиан Ерера Кардона, кој 5 години настапуваше во македонската лига и со тоа се здоби со право да игра и за нашата репрезентација, сепак него го нема на списокот. Дали е проблем документацијата кај ФИФА или Ангеловски решил дека не му треба, останува мистерија.

А, пак, од оној тест натпревар кој Ангеловски го организираше на 17 февруари, од тие 20 играчи денес на списокот се најдоа само двајца и тоа Јанков и Радески.

Столе Димитриевски - Рајо Ваљекано (Шпанија)
Дамјан Шишковски - Докса (Кипар)
Мартин Богатинов - Етникос (Кипар)
Ристе Јанков - Работнички

Стефан Ристовски - Динамо (Хрватска)
Висар Муслиу - Фехервар (Унгарија)
Егзон Бејтулаи - Шкендија
Кире Ристевски - Ујпешт (Унгарија)
Дарко Велковски - Ријека (Хрватска)
Езџан Алиоски - Лидс Јунајтед (Англија)
Ѓоко Зајков - Шарлроа (Белгија)

Енис Барди - Леванте (Шпанија)
Аријан Адеми - Динамо (Хрватска)
Бобан Николов - Лече (Италија)
Стефан Спировски - АЕК (Кипар)
Елиф Елмас - Наполи (Италија)
Тихомир Костадинов - Ружомберок (Словачка)
Даниел Аврамовски - Кајсериспор (Турција)
Марјан Радески - Академија Пандев
Ферхан Хасани - Партизани (Албанија)

Горан Пандев - Џеноа (Италија)
Иван Тричковски - АЕК (Кипар)
Илија Несторовски - Удинезе (Италија)
Александар Трајковски - Мајорка (Шпанија)
Крсте Велкоски - Сарајево (Босна и Херцеговина)
Влатко Стојановски - Шамбли (Франција)

Подготовките Македонија ќе ги започне на 22 март во Скопје, а првиот натпревар е закажан три дена подоцна против Романија во Букурешт. Следува натпревар со аутсајдерот Лихтенштајн на 28 во Скопје, а потоа на 31 во Дујсбург против велесилата Германија.

реклама

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Силјановска Давкова за убедливото водство: Напати се срамам, зарем е можно толку многу луѓе вака да реагираат

Read more

Храна што го намалува ризикот од дијабетес, рак и деменција

Read more

Три уреди во домот што никогаш не треба да се исклучуваат од струја

Read more

Фудбал

Јирген Клоп: Извинете

Read more

Дали судот ќе одлучува за фантомскиот гол на Јамал?

Read more

Шпанскиот суд ја замрзна сметката на Пике

Read more

Арсенал ја продолжи борбата за тројната круна со најголемата победа против Челси во својата историја

Read more
 

Спорт

Јирген Клоп: Извинете

Читај повеќе

Дали судот ќе одлучува за фантомскиот гол на Јамал?

Читај повеќе

Шпанскиот суд ја замрзна сметката на Пике

Читај повеќе
  • play_arrow

Арсенал ја продолжи борбата за тројната круна со најголемата победа против Челси во својата историја

Читај повеќе
  • play_arrow

Поранешен играч на Реал беше милионер, сега се занимава со необичен бизнис за да преживее

Читај повеќе

Гигантите од Евролигата се против влезот на Дубаи

Читај повеќе

Лапорта: Можеби ќе побараме преигрување

Читај повеќе

Тројцата исклучени во дербито ги дознаа казните

Читај повеќе

И Аргентинец ќе суди на ЕУРО 2024

Читај повеќе