Фудбал
КВАЛИФИКАЦИИ ЗА ЕУРО 2020

Ангеловски: Требаше да победиме со Израел и Словенија, да не изгубевме од Полска

19. ноември 2019 - 23:16 | Ф.З.

Селекторот на македонската репрезентација смета дека загубените бодови на гости кај Израел и Словенија се клучни за неуспехот фудбалската репрезентација да се квалификува на ЕУРО 2020.

„Да победевме на гости со Израел и Словенија и да не загубевме дома со Полска, тоа се натпреварите на кои го испуштивме пласманот“, рече селекторот на прес-конференцијата по победата над Израел.

Македонија за првпат еден квалификациски циклус заврши на 3-тото место, но тоа место не води никаде. Селекторот неуспехот го гледа во нерешените натпревари на гости со Словенија и Израел кога двата завршија со резултат од 1:1. Исто така, поразот во Скопје од Полска со 0:1 го смета еден од еден од оние кои негативно се одразија врз бодовното салдо.

Коментирај