УЕФА ЛИГА НА НАЦИИ 2020/21

Ангеловски: Задоволен сум од победата

Селекторот на македонската фудбалска репрезентација е задоволен од вчерашната победа над Ерменија, тешко извојувана, но извојувана и во тешки услови за игра на жешкото скопско сонце.

Фото: ФФМ

„Им честитам на фудбалерите затоа што ова беа ненормални услови за игра, температурата беше проблем на теренот. Нормално е кога фудбалерите не се во полн натпреварувачки ритам да не се во полна форма, но покажавме нов квалитет затоа што одиграме на резултат. За мене е нормално за онаа пауза која следуваше, да одиграме ваков натпревар. Ми е криво што некои одлучија да играме во 15 часот, па и ни намалија наместо да имаме 5 имавме 3 измени, а некој треба да мисли и на здравјето на фудбалерите“, почна Ангеловски.

Оној кој ги одредува деновите и времето на одигрување на натпреварите е УЕФА. Дали нашата федерација испратила жалба за терминот од 15 часот, не се знае, но како и да е, натпреварот се одигра, а Македонија славеше победа од 2:1.

„Рано го отворивме противникот. Потоа, имавме уште две ситуации за гол, но не успеавме, па Шишковски одбрани добра шанса за Ерменија. Потоа дојде и вториот пенал, поведовме со 2:0, па немавме причина да притискаме со 200 посто. Свесно му ја препуштивме средината на теренот на противникот. Во вториот дел имавме некои опасни шанси за гол, во кои можевме да го завршиме мечот. Но, не ѝ гледам на победата во заби. Задоволен сум од резултатот“, вели македонскиот селектор за кого ова беше натпревар број 38 на кој ја забележа 17-тата победа. Има и 7 нерешени и 14 порази.

Изненадување беше тоа што Горан Пандев не се најде во почетните единаесет, но селекторот имаше добар изговор за тоа.

„Горан имаше само четири тренинзи до овој натпревар бидејќи не беше на стартот на подготовките кај Џеноа затоа што почнаа на 26-ти. Таков беше договорот, да одигра само 30 минути. Ни на крај памет не ми е да форсирам играчи, да дојде до несакани повреди. Имаме уште два тренинга до дуелот со Грузија на кој веројатно ќе стартува од почеток“, заврши селекторот.

Македонија во вторник од 18 часот гостува во Тбилиси кај Грузија.

реклама

Зошто треба да ставите алуминиумска фолија зад рутерот?

Read more

Едноставен и брз метод: Белите патики повторно ќе изгледаат како нови

Read more

Голем месечен хороскоп за април 2024: Ретрограден Меркур им ги мрси конците на неколку знаци

Read more

Со едноставен водоводџиски трик ослободете се од смрдеата од одводот

Read more

Фудбал

Како ќе изгледа албумот за ЕУРО 2024 на Topps?

Read more

Калафјори: Татко ми го презира Јувентус, а јас го почитувам татко ми

Read more

Тонали е вистински зависник: Се обложувал и во Англија, намерно добил жолт картон

Read more

Ливерпул се откажа од Алонсо, Клоп ќе го наследи Рубен Аморим

Read more
 

Спорт

  • play_arrow

Како ќе изгледа албумот за ЕУРО 2024 на Topps?

Читај повеќе

Калафјори: Татко ми го презира Јувентус, а јас го почитувам татко ми

Читај повеќе

Герасимовски: Конечно, Работнички се враќа на шампионските патеки

Читај повеќе
  • play_arrow

Тонали е вистински зависник: Се обложувал и во Англија, намерно добил жолт картон

Читај повеќе
  • play_arrow

Лидерот Бостон падна во Атланта, го средија Мареј и Богдановиќ

Читај повеќе
  • play_arrow

Димитров го растури Алкарас во Мајами

Читај повеќе

Ливерпул се откажа од Алонсо, Клоп ќе го наследи Рубен Аморим

Читај повеќе

Милан сака да се засили со братот на Турам

Читај повеќе

Се побуни и Николов: Разочаран сум поради односот на селекторот Милевски

Читај повеќе