Ангеловски закажа фудбалски тренинг камп

Филип Здравески
/ 10.02.2021 / 15:56

Селекторот на фудбалската репрезентација на Македонија, Игор Ангеловски, ги почнува подготовките за мартовските квалификации со тренинг камп и еден неофицијален пријателски натпревар.

Фото: ФФМ

Македонската репрезентација, која во јуни ќе игра на ЕУРО 2020, нема да биде во вистинскиот состав, туку на тренинг кампот се повикани играчи кои настапуваат во домашната лига, како и неколкумина од првенствата на земјите од регионот кои добија дозвола од своите клубови да допатуваат.

Кампот ќе се реализира од 15-ти до 17-ти месецов, со тоа што на последниот ден репрезентацијата ќе одигра и натпревар против Работнички на „Петар Милошевски“ стадионот во Ново Лисиче со почеток од 14 часот.

Селекторот се реши да организира ваков собир поради најавата на ФИФА дека им дава право на клубовите да не им дозволат на играчите да дојдат на мартовските квалификации доколку рестрикциите поради пандемијата налагаат во државата од каде што е клубот задолжителен е карантин по враќањето од репрезентативните обврски.

„На тренинг кампот повикавме 20 фудбалери. Најголемиот дел доаѓаат од клубовите од домашниот шампионат, а неколкумина од странство. Клубовите добија дозвола од ФИФА да ги задржат своите фудбалери во мартовскиот термин за репрезентативни натпревари, а тоа значи дека изборот на фудбалери ни е значително скратен, освен се разбира за оние кои ќе добијат дозвола од своите клубови“, вели Ангеловски, пренесува ФФМ.

На списокот повеќето се У21 и У19 фудбалери кои во тие категории веќе го имаат облечено дресот со националните бои.

„Нашата намера е евентуално да го дополниме главниот репрезентативен список со имиња на фудбалери кои ќе остават силен впечаток на тренинг кампот и на контролниот натпревар против Работнички. Се надевам дека овој тренинг камп ќе биде од корист за сите“, дополни селекторот.

На списокот се и актуелни репрезентативци од поширокиот список како Тотре, Дориев и Китановски, како и поранешни репрезентативци како Захов, Радески и Стоилов.

Повикани играчи:

Голмани:
Ристо Јанков - Работнички
Костадин Захов - Шкендија

Одбрана:
Филип Најдовски - Тирана, Албанија
Томе Китановски - Македонија ЃП
Коста Манев - Академија Пандев
Есмин Личина - Македонија ЃП
Фати Исмаили - Шкупи
Блертон Шеји - Струга
Ангелче Тимовски - Силекс

Среден ред:
Еннур Тотре - Шкендија
Ѓорги Стоилов - Академија Пандев
Марјан Радески - Академија Пандев
Матеј Цветановски - Шкупи
Агон Елези - Вараждин, Хрватска
Али Адем - Шкупи
Лука Станковски - Работнички

Напад:
Марко Ѓорѓиевски - Раднички Пирот, Србија
Џемал Ибиши - Дубрава, Хрватска
Дашмир Елези - Шкендија
Љупчо Дориев - Шкендија

Во март Македонија ја чекаат три натпревари во рамките на квалификациите за мундијалот во Катар 2022. Прво играме со Романија (25 март на гости), потоа Лихтенштајн (28, дома) и потоа со великанот Германија (31, гости).

реклама

Зошто треба да ставите алуминиумска фолија зад рутерот?

Read more

Едноставен и брз метод: Белите патики повторно ќе изгледаат како нови

Read more

Голем месечен хороскоп за април 2024: Ретрограден Меркур им ги мрси конците на неколку знаци

Read more

Со едноставен водоводџиски трик ослободете се од смрдеата од одводот

Read more

Фудбал

Андов прв пат селектираше, на списокот 23 фудбалерки за претстојните квалификации

Read more

Ачерби: Ме напаѓаа како да сум убил некого

Read more

Како ќе изгледа албумот за ЕУРО 2024 на Topps?

Read more

Калафјори: Татко ми го презира Јувентус, а јас го почитувам татко ми

Read more
 

Спорт

Андов прв пат селектираше, на списокот 23 фудбалерки за претстојните квалификации

Читај повеќе

Ачерби: Ме напаѓаа како да сум убил некого

Читај повеќе
  • play_arrow

Како ќе изгледа албумот за ЕУРО 2024 на Topps?

Читај повеќе

Калафјори: Татко ми го презира Јувентус, а јас го почитувам татко ми

Читај повеќе

Герасимовски: Конечно, Работнички се враќа на шампионските патеки

Читај повеќе
  • play_arrow

Тонали е вистински зависник: Се обложувал и во Англија, намерно добил жолт картон

Читај повеќе
  • play_arrow

Лидерот Бостон падна во Атланта, го средија Мареј и Богдановиќ

Читај повеќе
  • play_arrow

Димитров го растури Алкарас во Мајами

Читај повеќе

Ливерпул се откажа од Алонсо, Клоп ќе го наследи Рубен Аморим

Читај повеќе