Ангеловски: Знаеме против кого играме, знаеме за што играме

Филип Здравески
/ 09.11.2020 / 15:04

Фудбалската репрезентација денеска ги започнува подготовките за баражот против Грузија, а селекторот Ангеловски моментално има проблем со тројца играчи од составот.

Фото: ФФМ

В четврток Македонија игра натпревар за историја, натпревар за она за кое се сонува уште од независноста, пласман на едно големо натпреварување. Противникот, Грузија, е веќе познат откако изминативе два месеца двапати игравме против нив во Лигата на нации.

„Знаеме против кого играме, знаеме за што играме. Треба да бидеме максимално сконцентрирани, мотивирано да го одиграме натпреварот и да го добиеме за конечно да се пласираме на Европското првенство. Ова е натпревар кој навистина носи посебни емоции бидејќи имаме шанса на фудбалска Македонија да ѝ донесеме пласман на Европско првенство. Со позитивните резултати кои ги остваривме се донесовме во таква ситуација, среќни сме што сме дел од ова финале, но не планираме тука да застанеме. Ова е потполно нов натпревар во однос на нашите два меѓусебни натпревари, ова е финале, двете репрезентации ќе влезат различно во дуелот во кој очекувам да решаваат нијанси, а тие да бидат на наша страна“, вели Ангеловски.

Дел од репрезентативците веќе пристигнаа во Скопје, а во текот на денот треба да пристигнат и останатите. Веќе отпадна голманот Даниел Божиновски кој беше тестиран позитивен на коронавирусот, а допрва ќе се знае ситуацијата со Аријан Адеми и Кире Ристевски. Првиот синоќа се повреди и не играше за загрепски Динамо, додека вториот периодов беше во карантин поради позитивен тест.

„Од фудбалерите кои пристигнаа во репрезентативната база, за жал, Даниел Божиновски е позитивен на COVID-19 и нема да биде во комбинација за овие натпревари. Денеска го очекуваме пристигнувањето на Кире Ристевски кој треба, исто така да има негативен тест за да може да се стави на располагање. Аријан Адеми ќе оди на детални медицински прегледи откако пријави повреда здобиена на загревање пред вчерашниот натпревар на Динамо. Јас се надевам дека нема да имаме дополнителни проблеми по пристигнувањето на останатите фудбалери и подготвени ќе ги започнеме планираните тренинзи“, дополнува селекторот. 

Репрезентативците ќе тренираат во Скопје до среда кога утрово ќе заминат за Тбилиси со чартер лет. Таму дента ќе одржат еден тренинг, а в четврток од 18 часот е „да се биде или не“ натпреварот на стадионот „Борис Паичадзе“.

реклама

Што ќе им донесе сезоната на Бикот на сите хороскопски знаци од 19 април до 20 мај?

Read more

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

Вештачка интелигенција управуваше борбен авион против човечки пилот

Read more

Богати до небо: Колку заработува автомобилската индустрија?

Read more

Фудбал

Манчестер Сити пред мегатрансфер – тргна по еден од најскапите во светот

Read more

Баерн извиси

Read more

Познати полуфиналните двојки од Европската и Конференциската лига, кошмарна сезона за Англичаните

Read more

Зошто Пеп ги извади најдобрите изведувачи на пенали во продолженијата?

Read more
 

Спорт

Манчестер Сити пред мегатрансфер – тргна по еден од најскапите во светот

Читај повеќе

Баерн извиси

Читај повеќе

Познати полуфиналните двојки од Европската и Конференциската лига, кошмарна сезона за Англичаните

Читај повеќе

Зошто Пеп ги извади најдобрите изведувачи на пенали во продолженијата?

Читај повеќе

Де Роси ќе остане тренер на Рома и во следната сезона

Читај повеќе

Двајца играчи на Реал побарале да не шутираат пенал, едниот се плашел од Едерсон

Читај повеќе

ФФМ и федерациите од регионот му дадоа безусловна поддршка на Чеферин

Читај повеќе

Откриено зошто Денвер го избрал Јокиќ наместо Нуркиќ во 2017

Читај повеќе

Роналдо го сотре бившиот клуб

Читај повеќе