Англичанец ја раскажува историјата на Осогово
Откако група ентузијасти од Англија формираа фудбалски клуб Осогово и на Островот, еден од нив реши преку YouTube да ѝ ја раскаже на цела Англија историјата на оригиналниот кочански клуб.
Сем Гејл е всушност еден од играчите на новиот ГР Осогово. Се потрудил да ја прочита историјата на клубот од Кочани, да состави текстче и да го презентира пред светот. Малку заглави со изговорот на навивачката група која ја преименува во Сеџмени, но и покрај тоа беше одличен.
Голем интерес покажа за Никола Мантов, прерано починатиот фудбалер на Осогово во чија чест е именуван стадионот во Кочани. Очекува ваши коментари, па кој знае нешто повеќе за Мантов, нека му пише.