КОНЦЕРТ ЗА СИТЕ ГЕНЕРАЦИИ, СТИНГ ГО КРЕНА СКОПЈЕ НА НОЗЕ

Англичанец во Скопје: Треба да се вратиме тука!

Музичката легенда Стинг синоќа одново ги освои срцата на неговите обожаватели. Очекувањата беа огромни за концертот на големиот музичар, а тој на публиката ѝ приреди концерт за паметење и раскажување.

Енергичен, посветен и задоволен од реакциите на публиката, и Стинг видно уживаше во концертот што ги спои сите генерации синоќа во ВИП Арената „Борис Трајковски“.

Концертот беше дел од промотивната турнеја „57th & 9th“ за истоимениот албум, а покрај новите песни, публиката ги слушна во живо и најголемите хитови на Стинг.

Вечерта ја отворија со заеднички настап Стинг и син му Џо Самнер кој му е музичка поддршка на турнејата. Покрај уживањето во прекрасниот вокален спој на таткото и синот, публиката ревносно реагираше на обраќањето на Самнер на македонски по изведбата: „Татко ми мисли дека знам да зборувам македонски. Како е, Скопје?“

По краткиот настап на Самнер, кој очигледно ги наследил музичките гени на Стинг, почна вистинската еуфорија. Englishman in New York, Mad About You, Fields Of Gold, Shape Of My Heart... се редеа хитовите еден по друг додека салата одекнуваше во еден глас.

Најголемите хитови на Стинг беа одлично надополнети со фантастичен лајт шоу што ја носеше публиката од вибрантниот Њујорк, преку златните полиња, до црвеното светло на Roxanne кога Стинг ја покажа неговата виртуозност во импровизирањето и ја спои неговата легендарна песна со подеднакво безвременската Ain’t No Sunshine When She’s Gone.

Целата публика беше на нозе кога се изведуваше можеби најголемиот комерцијален хит на Стинг на овие простори, Desert Rose. Еуфоријата беше на високо ниво и кога се разлеаја звуците на големиот хит на поранешниот бенд на Стинг, „Полис“: Every Breath You Take.

Нескриена радост и по некоја солза се прелеваа низ преполната сала што го врати Стинг и неговиот бенд на бис, кога на првите звуци на Fragile публиката беше во транс.

„Треба да се вратиме тука!“, рече Англичанецот во Скопје на заминување. Сигурни сме дека македонската публика остави подеднаков впечаток кај големиот Стинг колку и вчерашното незаборавно музичко патување низ децениите кај неговата верна публика.

Фото: Авалон продукција 

 

реклама

Зошто треба да ставите алуминиумска фолија зад рутерот?

Read more

Едноставен и брз метод: Белите патики повторно ќе изгледаат како нови

Read more

Голем месечен хороскоп за април 2024: Ретрограден Меркур им ги мрси конците на неколку знаци

Read more

Со едноставен водоводџиски трик ослободете се од смрдеата од одводот

Read more

Музика

Папараците ја снимија Шакира со британскиот актер кој е ѕвезда на нејзиниот нов спот

Read more

Бијонсе разголена за новиот албум

Read more

Како Фахрета Јахиќ стана Лепа Брена?

Read more

Северина: Секоја средба со Македонија остава длабока трага во моето срце

Read more
 

Сцена

Шестиот дел од култниот Pirates of the Caribbean ќе се снима без Џони Деп

Читај повеќе
  • play_arrow

Прв тизер за серијата The Penguin – Колин Фарел каков што не сме го виделе досега

Читај повеќе
  • play_arrow

Најконтроверзниот реквизит од филмот Titanic продаден на аукција за неверојатна цена

Читај повеќе
  • play_arrow

Папараците ја снимија Шакира со британскиот актер кој е ѕвезда на нејзиниот нов спот

Читај повеќе
  • play_arrow

Лошите момчиња се вратија: Прв трејлер за Bad Boys 4

Читај повеќе

Ен Хатавеј смета дека освојувањето Оскар негативно ѝ влијаело на кариерата

Читај повеќе

Погребот на Мирко Попов ќе биде денеска на Градските гробишта „Бутел“ во Скопје

Читај повеќе
  • play_arrow

Топ 10 најпиратирани филмови на неделата

Читај повеќе

Почина Мирко Попов

Читај повеќе