Англичаните открија неверојатна причина зошто Челси го отпушти Почетино

Аргентинскиот стручњак Маурисио Почетино синоќа доби отказ од Челси, што предизвика негодување кај навивачите, а причината која Англичаните ја открија утрово е прилично неверојатна.

Почетино доби отказ во Челси откако на крајот на сезоната конечно го среди „раштиманиот“ оркестар и го одведе во Европа преку шестата позиција на табелата, нешто што пред само неколку недели никој не можеше да го очекува.

Но, тогаш настана шок за навивачите и самиот тренер бидејќи сопственикот Тод Боли реши да го отпушти. Така, Челси ќе го добие петтиот тренер во 20-те месеци од владеењето на новиот американски сопственик.

Уште поневеројатно од самиот отказ би можела да биде причината, доколку угледниот англиски The Telegraph објави вистинити информации. Според овој весник, раздорот дошол откако на клупскиот состанок претходно во текот на сезоната Почетино одбил да ангажира специјалист за изведување прекини.

The Telegraph пренесува дека сопственикот Боли го прашал Почетино дали му треба стручен тренер за изведување прекини, што стана вообичаена практика во елитниот фудбал. Меѓутоа, Аргентинецот ја отфрлил идејата.

„Ние сме стручен штаб кој е задолжен за сѐ. Фудбалот им припаѓа на играчите, а не на специјалистите“, бил одговорот на Почетино, кој на крајот го чинеше работа.

Кога Челси загуби од Ливерпул во финалето на Лига купот, прими гол токму од корнер. Токму по тој натпревар настана раздор меѓу тренерот и сопственикот на клубот, со што Почетино се доведе до отказ. Клубот реши да го почека крајот на сезоната за да се впушти во потрага по нов тренер.

По поразот во финалето на Лига купот, раководството на Челси самоволно формираше цел оддел посветен на корнери и слободни удари, нешто што Почетино одбиваше да го направи.

реклама

Кафе едно евро, вино две: Која е европската дестинација со рајски плажи?

Read more

Израел: Ни се пружи прилика, го убивме началникот на иранската армија

Read more

Европа пред нова автомобилска револуција

Read more

Полицаец предупредувал казина и локали кога ќе има полициски и финансиски контроли

Read more

Фудбал

Уапсени 12 навивачи во Грција: Дилале дрога, ограбувале, палеле...

Read more

Еми Мартинес на Олд Трафорд?

Read more

ФИФА во очај: Ни Меси не помага за продажба на влезници

Read more

Пеп ќе си замине ако нема чистка во Сити

Read more
 

Спорт

Уапсени 12 навивачи во Грција: Дилале дрога, ограбувале, палеле...

Читај повеќе

Еми Мартинес на Олд Трафорд?

Читај повеќе

Шокантна размена во НБА: Орландо ја донесе ѕвездата на Мемфис

Читај повеќе
  • play_arrow

Никола Јокиќ одмара во село со помалку од 100 жители

Читај повеќе

ФИФА во очај: Ни Меси не помага за продажба на влезници

Читај повеќе

Пеп ќе си замине ако нема чистка во Сити

Читај повеќе

Модриќ одби да помине медицински прегледи за Милан

Читај повеќе

Гатузо на чекор да стане селектор на Италија

Читај повеќе
  • play_arrow

Неочекуван херој ѝ донесе победа за водство на Индијана

Читај повеќе