Англија ги олабави рестрикциите, а народот прослави на улиците
По неколку месеци строги рестрикции, луѓето во Англија конечно излегоа на улиците. Со оглед на успешниот процес на имунизација, властите од 12 април почнаа да ги олабавуваат мерките.
Во Англија се отворија фризерските салони, зоолошките градини, парковите, продавниците, теретаните. Guardian објави галерија од фотографии на кои се гледа како улиците се преполни од народ, а иста е ситуацијата и по кафулињата, пабовите, трговските центри.