УЕФА ЛИГА НА НАЦИИ 2020/21

Англија се спаси во судиско, Португалија ја среди Хрватска

На третиот ден се комплетираше 1. коло од новата сезона на Лигата на нации во кој се истакна високата победа над Португалија над Хрватска, Англија - со пенал за и промашен против - се спаси кај Исланд, додека Гибралтар го доби дербито на најслабите против Сан Марино.

Лига А

Група 2

Англичаните буквално се извадија на гости кај Исланд. Откако во 70. минута Кајл Вокер заработи исклучување поради втор жолт картон, Ислаѓаните беа со играч повеќе, но наместо да ја искористат приликата тие преку Сверир Ингасон, кој играше со рака, ѝ подарија пенал на Ангија. Ингасон доби втор жолт и исклучување, а Стерлинг погоди од белата точка. Но, тоа не беше сѐ. Во 90'+2 Џо Гомес направи фаул за пенал и Исланд имаше огромна шанса да дојде до израмнување, но Биркир Бјарнасон го префрли голот.

Исланд - Англија 0:1
90'+1 (пен) Рахим Стерлинг

Белгија ја оправда улогата на фаворит на гостувањето кај солидната Дансак и славеше победа со 0:2 со головите на Денајер и Мертенс, по еден во секое полувреме.

Данска - Белгија 0:2
9' Џејсон Денајер, 77' Дрис Мертенс

Група 3

Португалија без Кристијано Роналдо, а Хрватска без Лука Модриќ. Домаќините на крајот славеа убедлива победа покажувајќи дека сепак се актуелни победници на Лигата на нации.

Португалија - Хрватска 4:1
41' Жуау Канселу, 58' Диогу Жота, 70' Жуау Феликс, 90'+5 Андре Силва - 90'+1 Бруно Петковиќ

Килаво, но сепак победа си е победа. Актуелниот светски шампион, репрезентацијата на Франција, се намачи со Шведска, но замина дома со трите бода благодарение на мини-слаломот на Мбапе на 4 минути пред паузата. Во судиското надполнување од вториот дел Антоан Гризман промаши пенал за втор гол откако шутна над голот.

Шведска - Франција 0:1
41' Килјан Мбапе

Лига Ц

Група 1

Азербејџан важеше за фаворит на домашен терен против Луксембург, но проблемите за селекторот Џани Де Бјази започнаа уште во 26. минута кога Махир Емрели доби директен црвен картон. И со играч помалку Азербејџан успеа да поведе со 1:0, во веднаш по паузата прво си постигнаа автогол, а потоа направија и пенал и трите бода отпатуваа за Луксембург.

Азербејџан - Луксембург 1:2
43' Рамил Шејдајев - 48' (аг) Антон Кривоцјук, 72' (пен) Жерсон Родригеш

Стеван Јоветиќ со два гола го реши Кипар носејќи ѝ победа на својата Црна Гора и важни три бда од незгодно гостување каде многу посилни репрезентации знаеле да се сопнат.

Кипар - Црна Гора 0:2
60', 73' Стеван Јоветиќ

Група 2

Кајгана го следеше во живо натпреварот на македонската репрезентација, а видео-извештај од истиот можете да прочитате тука.

Македонија - Ерменија 2:1
5' (пен) Езџан Алиоски, 38' (пен) Илија Несторовски - 90'+4 (пен) Тигран Барсегјан

Дуелот на поранешните советски републики им припадна на Грузијците кои ја оправдаа улогата на благ фаворит на гости кај Естонија. Еден гол постигнат пред паузата го реши победникот.

Естонија - Грузија 0:1
32' Ника Катчарава

Лига Д

Група 2

Дербито на Европа, но она помеѓу двете најслаби репрезентации, му припадна на Гибралтар кој со голот на дебитантот Грем Ториља славеше победа. Иако играа против репрезентација која после нив важи за втора најслаба на Стариот континент, играчите на Сан Марино не успеаја ниту еднаш да шутнат во рамките на домашниот гол, а шутнаа само три пати, сите три вон рамките на голот.

Гибралтар - Сан Марино 1:0
42' Грем Ториља

реклама

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Одзивот до 19 часот е 48,44 отсто, во Новаци на гласање излегле рекордни 71,07 отсто од гласачите

Read more

Научници открија која храна го зголемува ризикот од рак

Read more

Три уреди во домот што никогаш не треба да се исклучуваат од струја

Read more

Фудбал

Дали судот ќе одлучува за фантомскиот гол на Јамал?

Read more

Шпанскиот суд ја замрзна сметката на Пике

Read more

Арсенал ја продолжи борбата за тројната круна со најголемата победа против Челси во својата историја

Read more

Поранешен играч на Реал беше милионер, сега се занимава со необичен бизнис за да преживее

Read more
 

Спорт

Дали судот ќе одлучува за фантомскиот гол на Јамал?

Читај повеќе

Шпанскиот суд ја замрзна сметката на Пике

Читај повеќе
  • play_arrow

Арсенал ја продолжи борбата за тројната круна со најголемата победа против Челси во својата историја

Читај повеќе
  • play_arrow

Поранешен играч на Реал беше милионер, сега се занимава со необичен бизнис за да преживее

Читај повеќе

Гигантите од Евролигата се против влезот на Дубаи

Читај повеќе

Лапорта: Можеби ќе побараме преигрување

Читај повеќе

Тројцата исклучени во дербито ги дознаа казните

Читај повеќе

И Аргентинец ќе суди на ЕУРО 2024

Читај повеќе

Две причини зошто Чави ја преиспита одлуката да остане на Камп Ноу

Читај повеќе