Англиската Премиер лига најдобра во светот, македонската Прва лига на 77. место

Лондон, 21 јануари 2020 (МИА) – За првпат од 2009 година англиската Премиер лига повторно е најдобра национална фудбалска лига во светот. Доминацијата на шпанската Ла Лига заврши по девет последователни први места.

Настапите на Ливерпул, Тотенхем и Манчестер Сити во Лигата на шампионите многу придонесоа за победата на англиската Премиер лига во годишното рангирање на ИФФХС (Меѓународна федерација за фудбалска историја и статистика).

На второто место се најде Бразилската лига, додека Шпанското првенство падна на третото место. Пад од четири места бележи и Првата македонска фудбалска лига која сега е на 77-та позиција.

Најдобрите 10 национални фудбалски првенства според ИФФХС:

1. Англија – 1.287 поени
2. Бразил – 1.165
3. Шпанија – 1.141
4. Италија – 939
5. Колумбија – 849
6. Португалија – 834
7. Франција – 818
8. Холандија – 790,5
9. Аргентина – 776
10. Германија – 765,5.

Од балканските првенства, најдобро котира Хрватска (18. место), а веднаш зад неа се Грција (19-та) и Србија (20. позиција). 

реклама

Со две ластичиња до убави велигденски јајца со нова шара

Read more

Како изгледал етничкиот состав на цела Македонија во 1905 година?

Read more

Адвокат советува на кое прашање никогаш да не одговарате кога кога ќе ве запре полиција

Read more

Ослободете се од пајаците во домот со природен лек

Read more

Фудбал

Роналдо го сотре бившиот клуб

Read more

Испаѓањето на Сити донесе нов фаворит за освојување на ЛШ

Read more

Пеп: Во кој било друг спорт ќе победевме

Read more

Судиите во Украина пред натпревар ќе одат на полиграф

Read more
 

Спорт

Откриено зошто Денвер го избрал Јокиќ наместо Нуркиќ во 2017

Читај повеќе

Роналдо го сотре бившиот клуб

Читај повеќе

Испаѓањето на Сити донесе нов фаворит за освојување на ЛШ

Читај повеќе

Пеп: Во кој било друг спорт ќе победевме

Читај повеќе

Судиите во Украина пред натпревар ќе одат на полиграф

Читај повеќе

Салцбург се израдува на испаѓањето на Арсенал - му донесе пласман на клупскиот Мундијал

Читај повеќе

Нојер го урна рекордот на Касиљас во Лигата на шампионите

Читај повеќе
  • play_arrow

Вајт прв во историјата на Чикаго го повтори подвигот на Џордан, Филаделфија во плеј-офот

Читај повеќе

Џонтeј Портер доживотно суспендиран од НБА

Читај повеќе