Англиски стручњак тврди: Роналдо за 18 месеци ќе стане тренер на Јунајтед

Познатиот поранешен англиски фудбалер Тим Шервуд вели дека очекува Кристијано Роналдо да седне на клупата на Манчестер Јунајтед во следните 18 месеци.

Шервуд, поранешен шампион на Англија со Блекбурн Роверс (1994/95) и повремен репрезентативец на својата татковина, во моментов работи како стручен коментатор на натпреварите во Премиер лигата.

Зборувајќи за Ladbrokes, Шервуд откри дека очекува Роналдо да се пресели во стручниот штаб по истекот на договорот со Јунајтед, а потоа да биде тренер на клубот од „Олд Трафорд“. Ваквто тврдење и не е чудно бидејќи досега честопати сме го гледале Португалецот како од клупата им дава насоки на соиграчи, и во клубовите и во репрезентацијата.

„Мислам дека е во ред Роналдо да биде покрај аут-линијата и дека Солскјер ќе го прифати тоа. Го видовме како го прави тоа во репрезентацијата, како и неодамна на ЕУРО кога викаше по соиграчите. Тој ќе биде тренер и можам да се обложам дека ќе стане тренер на Манчестер Јунајтед во следните 18 месеци. Штом ја заврши кариерата, ќе стане тренер“, убеден е Шервуд.

Поранешниот тренер на Тотенхем и Астон Вила тврди дека единствен спас за Солскјер на клупата на Јунајтед е освојувањето на трофеј. Од еден трофеј веќе отпадна откако синоќа во шестнаестинафиналето од Лига купот Манчестер доживеа елиминација од Вест Хем. Засега добро му оди во Премиер лигата, а во игра е и во ФА купот и во Лигата на шампионите.

„Ако успеат да ја освојат Премиер лигата, Лигата на шампионите или ФА Купот, тогаш Солскјаер ќе ја задржи работата. Ако не освојат ништо, имаат тренер во најава во својот тим во моментов. Може да донесе со себе искусен стратег со кој би соработувал, како Карлуш Кејрош, бидејќи е во добри односи со многумина“, додава Шервуд.

Секако, навивачите на „Црвените ѓаволи“ не би имале ништо против Роналдо да стане тренер на клубот еден ден. Сепак, тие се надеваат дека ќе може да игра за тимот повеќе од 18 месеци и покрај тоа што се ближи кон крајот од кариерата.

Роналдо во февруари ќе наполни 37 години, но со оглед на неговата посветеност, начин на исхрана, тренинг и желба за играње, многу веројатно е дека би играл и после тие 18 месеци како што предвидува Шервуд, па дури и после јуни 2023 година до кога му гласи договорот со клубот од Манчестер.

реклама

Што ќе им донесе сезоната на Бикот на сите хороскопски знаци од 19 април до 20 мај?

Read more

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

Зошто Александар Македонски не го нападнал Рим туку одел само на исток?

Read more

Најнеобичните цвеќиња што може да се видат на Земјата

Read more

Фудбал

УЕФА го суспендираше Еми Мартинес

Read more

Пиоли ќе добие отказ, постои список со 5 имиња за негов наследник

Read more

Манчестер Сити пред мегатрансфер – тргна по еден од најскапите во светот

Read more

Баерн извиси

Read more
 

Спорт

УЕФА го суспендираше Еми Мартинес

Читај повеќе
  • play_arrow

Верстапен на пол-позицијата во Кина, Хамилтон ќе стартува од 18. место

Читај повеќе
  • play_arrow

Мајами и Њу Орлеанс последни учесници во плеј-офот, крајот за Чикаго и Сакраменто

Читај повеќе

Пиоли ќе добие отказ, постои список со 5 имиња за негов наследник

Читај повеќе

Манчестер Сити пред мегатрансфер – тргна по еден од најскапите во светот

Читај повеќе

Баерн извиси

Читај повеќе

Познати полуфиналните двојки од Европската и Конференциската лига, кошмарна сезона за Англичаните

Читај повеќе

Зошто Пеп ги извади најдобрите изведувачи на пенали во продолженијата?

Читај повеќе

Де Роси ќе остане тренер на Рома и во следната сезона

Читај повеќе