УЕФА ЛИГА НА НАЦИИ 2024/2025

Англиските Ирци ѝ пресудија на Ирска, за која одбија да играат

Макфакс/Кајгана
/ 08.09.2024 / 10:12

Англија со победа над Ирска во Даблин ги започна натпреварите во Лига Б од Лигата на нации. Победата на Англија ѝ ја донесоа Ирците, кои решија во сениорска конкуренцијата да го носат дресот на „Трите лава“.

Деклан Рајс и Џек Грилиш на „Авива“ стадионот во Даблин беа пречекани со транспарент кој ги споредува со змии, гласејќи „Змиите се вратија“. Двајцата постигнаа по еден гол, Рајс не го прослави за разлика од Грилиш.

Рајс, пред да дебитира за Англија во 2019 година, одигра 3 натпревари за Ирска. Претходно играше за сите младинските репрезентации на Ирска, од У17 до У21, Сега постигна гол на стадионот на кој во 2018 година играше во дресот на Ирска против САД. Неговиот татко е Ирец.

Грилиш играше за младинските селекции на Ирска, од У17 до У21. Неговиот татко е Ирец, а дури и неговата мајка е половина Ирка. Порано место фудбал тренирал ирски фудбал (Gaelic football), но и тој реши да го прифати повикот од Англија.

А, пак, в.д. селекторот на Англија, кој синоќа ја водеше репрезентацијата, е поранешниот ирски репрезенттаивец Ли Карсли. Од 1997 до 2008 година Карсли настапи на 40 натпревари за Ирска, а беше дел и од тимот кој настапи на Мундијалот 2002, последниот на кој Ирска се има квалификувано.

Рајс во 11-тата минута го отвори резултатот, а вотоа во 26. минута му асистираше на Грилиш кој зголеми на 2:0, што подоцна се покажа како конечен резултат.

реклама

Колку гориво трошите кога возите со 160 км/час во споредба со 100 км/час?

Read more

Ѕвезди кои го користат OnlyFans за дополнителен приход: Многу актерки и пејачки ги изненадија обожавателите

Read more

Последен трансфер во кариерата: Oд Дубаи во холандски затвор

Read more

Италијанска водителка е ѕвезда на Клупскиот мундијал: Сакала да биде мис, станала новинарка

Read more

Фудбал

Последен трансфер во кариерата: Oд Дубаи во холандски затвор

Read more

Алиоски потпиша договор со Лугано

Read more

Баерн ја победи Бока, прв пораз за јужноамериканските тимови на Клупскиот мундијал

Read more

Адеми го раскина договорот со Динамо, веќе има нов клуб

Read more
 

Спорт

Последен трансфер во кариерата: Oд Дубаи во холандски затвор

Читај повеќе

Алиоски потпиша договор со Лугано

Читај повеќе
  • play_arrow

Баерн ја победи Бока, прв пораз за јужноамериканските тимови на Клупскиот мундијал

Читај повеќе

Адеми го раскина договорот со Динамо, веќе има нов клуб

Читај повеќе

Нов шок на Клупскиот мундијал: Ботафого го победи ПСЖ

Читај повеќе

Владе Дивац итно опериран по сообраќајка

Читај повеќе
  • play_arrow

Лудница во НБА: Пејсерс се на чекор до чудо

Читај повеќе

Рафаел Надал ја доби титулата маркиз

Читај повеќе

Италијанска водителка е ѕвезда на Клупскиот мундијал: Сакала да биде мис, станала новинарка

Читај повеќе