1.МФЛ 2020/21

Анѓушев го напушти спонзорирањето на ФК Борец

Претседателот на ФК Борец и негов спонзор преку неговата компанија „Брако“, Кочо Анѓушев, попладнево на фудбалскиот стадион во Велес по завршување на пријателскиот натпревар Борец - Тетекс на  фудбалерите на велешкиот прволигаш им соопштил дека го напушта клубот и го прекинува спонзорирањето.

Со ова се доведува во прашање иднината на Борец и неизвесно е како без спонзор ќе го продолжи пролетниот дел од годинашното првенство во 1.МФЛ. Тој на играчите им порачал да си бараат нови спонзори, но засега никој не им најавил спонзорирање.

Во писменото известување дадено од „Брако“ до ФК Борец тие се известени дека на денешниот состанок донеле одлука дека „Брако“ како компанија не треба да продолжи да финансира во спортски федерации, чии раководства немаат почит кон спонзорите.

„И онака како што слушаме од Агенцијата за млади и спорт, истите не се усогласени со законите на Р. С. Македонија. Во таа смисла, објавуваме дека 'Брако' ќе престане да го финансира клубот и во иднина својата репутација како општествено одговорна компанија ќе ја надгради преку стипендирање на одлични студенти од велешката општина, претежно, но не единствено на техничките науки“, се вели во соопштението од Брако.

Во соопштенето, од „Брако“ појаснуваат дека нема да ги коментираат сите лаги и дегутантни изјави на старо-новиот претседател на ОФС Велес, но ја  демантираат и изјавата дека лицето Драган Јорданов бил претставник на ФК Борец на собранието на ОФС Велес, а тоа го потврдуваат со фактот што тој гласал против претставникот на Борец на Собранието.

„Со оглед на тоа дека ФК Борец А.Д. нема никакви долгови, а при тоа на јавно дадената понуда клубот да го преземе некој кој има добра намера и цел кон фудбалот (пред сѐ, раководните лица на ОФС Велес), до денес на понудата нема пријавени и поради тоа фудбалерите и сите вработени во клубот ќе бидат комплетно исплатени до денешен ден и за тоа уредно ќе ја добијат целата документација“, се вели во соопштението на „Брако“.

Напуштање од клубот како негов претседател и спонзор доаѓа откако Кочо Анѓушев на годишното изборно собрание на ОФС Велес одржано месецов, најави дека ќе го преиспита спонзорирањето, незадоволен од ОФС Велес, но и на ФФМ кон ФК Борец.

Тој тогаш револтирано го напушти  Изборно собрание на ОФС Велес. Анѓушев бараше меѓу четирите делегати на ОФС Велес еден претставник-делегат да биде од Борец , а кој понатаму ќе учествува на Изборното собрание на ФФМ кое треба да се одржи годинава, а на кое ќе се избира и новиот претседател на ФФМ.

реклама

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Димитриевски до Пендаровски: Разликата е огромна, откажете се од оваа битка и оставете нè да победиме во вториот круг

Read more

Силјановска Давкова за убедливото водство: Напати се срамам, зарем е можно толку многу луѓе вака да реагираат

Read more

Храна што го намалува ризикот од дијабетес, рак и деменција

Read more

Фудбал

Ел Класико се сели во САД

Read more

Новиот дрес на Милан нè враќа 100 години наназад

Read more

Што го убеди Чави сепак да остане во Барса?

Read more

Јирген Клоп: Извинете

Read more
 

Спорт

Ел Класико се сели во САД

Читај повеќе
  • filter

Новиот дрес на Милан нè враќа 100 години наназад

Читај повеќе

Што го убеди Чави сепак да остане во Барса?

Читај повеќе

Јирген Клоп: Извинете

Читај повеќе

Дали судот ќе одлучува за фантомскиот гол на Јамал?

Читај повеќе

Шпанскиот суд ја замрзна сметката на Пике

Читај повеќе
  • play_arrow

Арсенал ја продолжи борбата за тројната круна со најголемата победа против Челси во својата историја

Читај повеќе
  • play_arrow

Поранешен играч на Реал беше милионер, сега се занимава со необичен бизнис за да преживее

Читај повеќе

Гигантите од Евролигата се против влезот на Дубаи

Читај повеќе