Анкара очекува поддршка од Скопје за операцијата „Извор на мирот“ во Сирија

Скопје, 16 октомври 2019 (МИА) – Република Турција нема претензии кон територијалниот суверенитет и интегритет на Сирија, целта е да се исчисти регионот источно од реката Еуфрат од терористички структури и да се формира безбедносна зона во која ќе можат да се вратат бегалците. Во борбата против тероризмот Турција очекува поддршка од сите пријателски и сојузнички земји, вклучувајќи ја и нашата држава, пред сѐ во заштита на животот на цивилното население.

Ова е заклучокот од денешната прес-конференција на турската амбасадорка во земјава Тулин Еркал за операцијата „Извор на мирот“, што Армијата на Турција ја спроведува во Сирија.

На новинарско прашање дали имала средба со државниот врв на нашата земја и дали добила поддршка за операцијата, амбасадорката Еркал истакна дека Република Северна Македонија е братска и пријателска земја, која Турција секогаш ја поддржувала и била меѓу нејзините главни приоритети.

– За жал во ситуацијава, можам да кажам дека државните претставници на Северна Македонија прво ги очекуваа изјавите од претставниците од ЕУ, а нивните изјави беа во таа линија, рече амбасадорката на Турција.

Укажувајќи дека приоритет за Северна Македонија се преговорите со ЕУ и членството во НАТО, таа уште еднаш посочи дека Анкара очекувала став за турската операција, меѓутоа, како што рече, тој бил искажан со задоцнување и во согласност со ставовите искажани во изјавите на претставниците на ЕУ.

На прашањето како целата ситуација ќе влијае на Балканот, особено на нашата држава, амбасадорката Еркал информира дека во Турција се засолнети над три милиони бегалци од Сирија, за кои турската држава потрошила околу 40 милијарди евра. Сепак, потенцира Еркал, и покрај ветувањата за финансиска помош од страна на меѓународната заедница, тоа досега не се случило.

– Треба да имаме предвид тоа што ние се наоѓаме во земјата Северна Македонија со население близу два милиони жители, а овде станува збор за 3,6 милиони бегалци, кои моментално се засолнети во Турција. Мора да истакнам дека и соседните земји од самиот почеток на ситуацијата требаше да покажат посолидарен став. Зарем ќе биде подобро ние да ги отвориме границите за тие 3,6 милиони бегалци, рече Амбасадорката Еркал.

На прашањето кои се очекувањата по осудите кои пристигнаа за операцијата од страна на лидерите на земјите членки на ЕУ и од САД, а од друга страна Турција е членка на НАТО, Еркал ја повика Унијата да даде поддршката за операцијата.

Според неа, видео материјалите кои се објавуваат во странските медиуми за операцијата всушност се постари материјали од 2007 и 2008 година, а како што рече, ги има актуелизирано претседателот на САД. Таа смета дека Турција се соочува со фабрикувани лаги и со оцрнувачка меѓународна медиумска кампања против неа.

Амбасадорката Еркал потенцира дека терористичките организации Курдската работничка партија (ПКК), Партијата на демократската унија (ПУД) и Силите за заштита на народот (УПГ), имаат своја мрежа за пропаганда, но не ги претставуваат правата на курдското население.

Досега вкупниот број на „неутрализирани терористи“, како што нагласи таа, е 637, од кои дел се убиени, дел ранети, а 24 се предале на турската војска. Во нападите на терористите, како што таа ги нарече, досега на територијата на Турција се загинати шест турски војници и 18 цивили, меѓу кои и деца и едно деветмесечно бебе.

Прашана дали досега Република Северна Македонија има екстрадирано припадник на движењето на исламскиот проповедник Фетулах Ѓулен, кое Турција го нарекува ФЕТО (Фетулистичка терористичка организација), амбасадорката Тулин Еркал изјави дека таквите барања на Анкара не биле прифатени.

– За жал не. Од страна на Северна Македонија не е прифатено ниту едно барање за екстрадиција. Нашиот минситер за национална безбедност при неговата посета упати пораки во врска со сериозноста на оваа ситуација, меѓутоа за жал од стрна на Северна Македонија не е прифатено ниту едно барање, рече на денешната прес-конференција амбасадорката Еркал.

реклама

Зошто треба да ставите алуминиумска фолија зад рутерот?

Read more

Едноставен и брз метод: Белите патики повторно ќе изгледаат како нови

Read more

Голем месечен хороскоп за април 2024: Ретрограден Меркур им ги мрси конците на неколку знаци

Read more

Со едноставен водоводџиски трик ослободете се од смрдеата од одводот

Read more

Македонија

Донесено упатство за радиодифузерите за претседателските и парламентарните избори

Read more

Три лица искасани од кучиња скитници во Скопје

Read more

Петровска: Судот донесе одлука дека Ковачки неправедно ме клеветел

Read more

Денеска се отвора Џевахир Мол Скопје во Аеродром

Read more
 

Вести

Fox News открива: САД потрошиле најмалку 113 милијарди долари за војната во Украина

Читај повеќе

Во Таџикистан уапсени 9 лица поврзани со масакрот во Москва

Читај повеќе

Донесено упатство за радиодифузерите за претседателските и парламентарните избори

Читај повеќе

Три лица искасани од кучиња скитници во Скопје

Читај повеќе

Петровска: Судот донесе одлука дека Ковачки неправедно ме клеветел

Читај повеќе

Тешка сообраќајна несреќа во Кичево: 3 млади лица го загубија животот, има и тешко повредени

Читај повеќе

Денеска се отвора Џевахир Мол Скопје во Аеродром

Читај повеќе

Притвор од 48 часа за две лица кои се задржани по убиството на лекарот во Железара

Читај повеќе

ВМРО-ДПМНЕ: Нашата идна Влада ќе спроведе ограничување на маржите на лековите и проширување на позитивната листа за бесплатни лекови

Читај повеќе