Анкета: Мнозинството Срби денес би гласале за Тито

Белград, 26 јули 2018 (МИА) - Во конкуренција на Александар Вучиќ, Зоран Ѓинѓиќ, Слободан Милошевиќ, Никола Пашиќ, Борис Тадиќ и Воислав Коштуница, мнозинството Србија својот глас би го дале за Јосип Броз Тито, покажува анкетата направена за потребите на белградски „Недељник“.

Весникот наведува дека по стогодишното искуство живеење во Југославија, а за да се провери односот на денешната јавност кон државниците кои во некој период од историјата ја воделе Србија, неделникот и „Нинамедија“ спровеле анкета со прашањето: Да можете утре да гласате на избори, за кој од понудените кандидати би гласале?

Резултатите од истражувањето покажува дека на хипотетичките избори би победил поранешниот лидер на СФРЈ со 24,6 отсто од гласовите, а зад него се најде актуелниот српски претседател со 23,5 отсто.

Поранешниот српски премиер Ѓинѓиќ би добил 10,7 отсто од гласовите, екс претседателот на Србија Милошевиќ би освоил 7,4 отсто, долгогодишниот претседател на Кралството СХС Пашиќ би имал 4,4 проценти, за поранешниот претседател Тадиќ би гласале 2,1 отсто, а за последниот претседател на Сојузна Република Југославија и поранешен српски премиер Коштуница гласот би го дале 0,7 отсто од избирачите. Повеќе од 18 отсто од испитаниците не навеле ниту еден од нив, а речиси осум проценти рекле дека не знаат за кого би гласале.

Истражувањето е спроведено на примерок од 802 испитаници, во периодот од 23 до 30 јуни годинава.

реклама

Што ќе им донесе сезоната на Бикот на сите хороскопски знаци од 19 април до 20 мај?

Read more

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

Зошто Александар Македонски не го нападнал Рим туку одел само на исток?

Read more

Најнеобичните цвеќиња што може да се видат на Земјата

Read more

Регион

Силно невреме со поплави во Грција, Волос без струја

Read more

Се вештачат трагите од предметите пронајдени во автомобилот во кој била убиена малата Данка

Read more

Грциja парализирана од штрајкови

Read more

Вучиќ: За три до четири месеци ќе биде најлошата ситуација од 1945 година

Read more
 

Вести

МАИ ги додели наградите за изданијата меѓу два Саеми на книга

Читај повеќе

Ерменија се согласи да врати делови од својата територија на Азербејџан

Читај повеќе
  • play_arrow

Апасиев од Титов Велес: Сиромашниот Албанец ни е поблизок од Кочо Анѓушев

Читај повеќе

Во вторник предизборен молк, до тогаш продолжува презентацијата на изборните програми

Читај повеќе

Пендаровски: Понудата на Мицкоски за коалицирање е знак на слабост

Читај повеќе
  • play_arrow

Силно невреме со поплави во Грција, Волос без струја

Читај повеќе

Големи експлозии во база на проиранската милиција во Ирак

Читај повеќе

Викендов променливо облачно со локален дожд

Читај повеќе

Филмот на Цветановски со награда за најдобар филм во Калифорнија

Читај повеќе