Анкета: Pfizer и Спутник V најпреферирани вакцини, 57,7% од граѓаните пројавиле интерес за имунизација

Pfizer и Спутник V се најпреферирани вакцини меѓу испитаниците во анкетата на Институтот за Политички Истражувања од Скопје (ИПИС). Истражувањето е спроведено телефонски во периодот помеѓу 11 и 14 април 2021 на 1.112 полнолетни испитаници на ниво на Република Северна Македонија. Од испитаниците, 57,7 проценти се изјасниле дека ќе се имунизираат доколку имаат можност, 24,5 рекле дека нема да се вакцинираат, а 17,8 се двоумат.

На прашањето која вакцина би ја примиле, од граѓаните 21,8 отсто се изјасниле за Спутник V, 21,6 за Pfizer, 13,8 за која било, 6,2 за AstraZeneca, 4,4 проценти за Sinopharm и 3,1 за Moderna. На истото прашање, 16,1 отсто од испитаниците одговориле дека не би примиле ниту една вакцина, а 12,7 проценти сѐ уште не се решиле со која би се имунизирале.

Од испитаниците во Анкетата на ИПИС, 46,1 проценти сметаат дека државава полошо се справува со корона-кризата од земјите во регионот, а 32,6 отсто се изјасниле дека Северна Македонија слично се справува како другите држави.

Истражувањето било реализирано со користење на случаен примерок стратификуван за да се запази репрезентативноста на населението во земјава. Според ИПИС, во него биле запазени демографските специфики на населението како полова структура, старосни групи, степен на образование и етничка припадност, со соодветна поделба на испитаниците според местото на живеење и регионалната застапеност, со тоа што Скопје било земено како посебна целина заради своите посебности.

Од ИПИС напоменуваат дека сите истражувања на Институтот се подложни на статистичка грешка која изнесува +/- 3 проценти, а поради тоа сите резултати претставени во извештајот можат да се движат во тој интервал.

реклама

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

5 хороскопски знаци кои се родени за да се збогатат во животот

Read more

Како изгледал етничкиот состав на цела Македонија во 1905 година?

Read more

Што се случува во телото ако го одложувате мокрењето?

Read more

Македонија

МОН: Во училиштата во кои ќе се одвива изборниот процес наставата ќе се реализира со скратени часови

Read more

Ќе го оставиме срцето на терен за интересот на Македонија, рече Мицкоски и најави позитивна кампања

Read more

Пендаровски со претставка за говорот на омраза, навредите и дискриминацијата од страна на Силјановска-Давкова и ВМРО-ДПМНЕ

Read more

ДУИ си играше власт: Османи стана претседател, Села на Собранието, Бугарите влегоа во Уставот

Read more
 

Вести

Украле сеф од менувачница во Чаир и побегнале со возило без таблички

Читај повеќе

Маж ја нападнал поранешната сопруга на работното место, па ѝ се заканувал со нож

Читај повеќе

Националниот џез оркестар со „Џез лектира“ гостува во Велес

Читај повеќе

Новинарска фотографија на годината: Не сакаше да го пушти телото на девојчето

Читај повеќе

Џонсон: Балканот може да биде следната цел на Путин

Читај повеќе

Се вештачат трагите од предметите пронајдени во автомобилот во кој била убиена малата Данка

Читај повеќе

МОН: Во училиштата во кои ќе се одвива изборниот процес наставата ќе се реализира со скратени часови

Читај повеќе

Доживотен затвор за маж кој на свиреп начин уби жена во Кочани

Читај повеќе

Ќе го оставиме срцето на терен за интересот на Македонија, рече Мицкоски и најави позитивна кампања

Читај повеќе