Анкор Ват: 9 работи кои не ги знаете за најголемиот храм во светот

Преминувајќи од прв храм на хиндуистичката религија до будистичко светилиште, Анкор Ват станал една од најпосетуваните верски градби во светот и воедно највеличествен храм ширум планетава.

Анкор Ват (អង្គរវត្) е првиот храм на хиндуистичката религија, кој подоцна бил претворен во будистички храм. Сместен е во Камбоџа, а го изградил кмерскиот крал Сурјаварман II на почетокот на XII век во Јасодарапура, градот на величественото Кмерско Царство. Тој е еден од најголемите религиозни објекти и едно од најпосетуваните верски места во светот.

1. Скоро 50% од туристите кои ја посетуваат Камбоџа доаѓаат само за да го видат големиот комплекс на храмови во Анкор. Фактот дека симболот на Анкор Ват е и на нивното национално знаме покажува колку Камбоџанците се горди со своето наследство.

2. Анкор Ват е најдобриот претставник на класичниот стил на кмерската архитектура.

3. Храмот е изграден за да ја симболизира светата планина Меру, која е центар на хиндуистичката митологија, но и на будистичката.

4. За разлика од другите храмови во регионот кои се свртени кон исток, овој храм е свртен кон запад. Свртен е кон зајдисонцето и вечерните сончеви зраци, што дополнително го разубавуваат навечер.

5. Сѐ до XVI век храмот не бил познат по сегашното име, туку бил наречен Писнулок, што е официјално име на кмерскиот крал Сурјаварман II, кој го изградил.

6. Со цел да се препознае важната улога што овој храм ја имал во хиндуизмот и будизмот, Анкор Ват од 1992 година се наоѓа на списокот на светско наследство на УНЕСКО.

7. Иако повеќето туристи се запознати со комплексот храмови Анкор Ват, градот ги вклучува и храмовите Анкор Том и Бајон, кои исто така се интригантни.

8. За разлика од неговите претходници кои припаѓале на редовите на кралевите кои практикувале шиизам и ѝ се молеле на Шива, Сурјаварман II направил пресврт градејќи го овој храм посветен на богот Вишну.

9. Декорациите на ѕидовите на храмот содржат карактеристики на уникатни хиндуистички приказни. На ѕидовите се насликани митови и бајки, кои зборуваат за потеклото на храмот и хинду религијата.

реклама

Која е Дара, Бугарката која победи на 70. Евровизија?

Read more

3 хороскопски знаци влегуваат во период на луксуз и богатство

Read more

Онколози препорачуваат што да појадувате за превенција од рак

Read more

18-годишно момче убиено со пиштол во шума кај Сарај

Read more

Чек дис аут

Нови снимки: Северна Кореја каква што никогаш порано не сме ја виделе

Read more

ChatGPT реши проблем што ги мачи математичарите веќе 60 години

Read more

Зошто Романија зборува латински јазик додека е опкружена со словенски нации?

Read more

Викиншката трговија со робови била поголема од африканската во Америка

Read more
 

Магазин

3 хороскопски знаци влегуваат во период на луксуз и богатство

Читај повеќе

Онколози препорачуваат што да појадувате за превенција од рак

Читај повеќе

Црниот чај може значително да го намали ризикот од срцеви заболувања

Читај повеќе

Како оризовите крекери влијаат на шеќерот во крвта?

Читај повеќе

Што се случува со црниот дроб кога пиете кафе секој ден?

Читај повеќе

Немате време за вежбање? Само 5 минути активност можат да ви бидат од корист за здравјето

Читај повеќе

Салатата од компири ќе биде повкусна ако додадете една едноставна состојка

Читај повеќе

Работи што треба да ги знаете ако пиете кафе веднаш по будењето

Читај повеќе

Карактерот, средината и моќта на вистинските тимови

Читај повеќе