ЛИГ 1 2021/22

Анри го знае проблемот на Меси во ПСЖ: Не е тажен, изолиран е

Легендарниот француски напаѓач Тјери Анри смета дека Лео Меси треба повеќе да игра на средината отколку на десното крило, како одговор на прашањето зошто поранешниот играч на Барселона нема ниту гол ниту асистенција во француската Лиг 1.

Меси досега има одиграно 4 натпревари во Лиг 1, а на теренот помина вкупно 280 минути. Сепак, на четирите натпревари не успеа да постигне гол или асистенција, а во Лигата на шампионите постигна 3 гола.

ПСЖ ремизираше против Марсеј на гости без гол на последниот првенствен натпревар завчера, а на новинарско прашање зошто Меси е неефикасен во Лиг 1, легендарниот Анри даде свое објаснување.

„Тој е изолиран, помалку се гради, помалку ѝ приоѓа на топката... Топката сѐ помалку му е во нозете. Не велам дека е тажен, туку изолиран од играта. Јасно е дека има проблеми на десната страна. Мора да најдат многу подобар начин за Меси, Нејмар и Мбапе да играат заедно“, рече Анри.

„Треба да игра повеќе во средината, сакам да го видам таму. Треба да биде играчот кој го поставува темпото на играта“, додаде.

Следниот натпревар ПСЖ го игра против актуелниот шампион Лил на домашен терен, а потоа ќе игра против Лајпциг во Лигата на шампионите. До репрезентативната пауза остануваат да играат уште против Бордо на гости, а потоа по паузата ќе го имаат дуелот против Нант кој е закажан за 20 ноември.

Тагови
реклама

Три уреди во домот што никогаш не треба да се исклучуваат од струја

Read more

Полната Месечина во Скорпија на 24 април ќе направи хаос

Read more

Откриена најголемата змија што некогаш живеела на Земјата

Read more

Научници открија која храна го зголемува ризикот од рак

Read more

Фудбал

Поранешен играч на Реал беше милионер, сега се занимава со необичен бизнис за да преживее

Read more

Лапорта: Можеби ќе побараме преигрување

Read more

Тројцата исклучени во дербито ги дознаа казните

Read more

И Аргентинец ќе суди на ЕУРО 2024

Read more
 

Спорт

  • play_arrow

Поранешен играч на Реал беше милионер, сега се занимава со необичен бизнис за да преживее

Читај повеќе

Гигантите од Евролигата се против влезот на Дубаи

Читај повеќе

Лапорта: Можеби ќе побараме преигрување

Читај повеќе

Тројцата исклучени во дербито ги дознаа казните

Читај повеќе

И Аргентинец ќе суди на ЕУРО 2024

Читај повеќе

Две причини зошто Чави ја преиспита одлуката да остане на Камп Ноу

Читај повеќе
  • play_arrow

Тео, Думфрис и исмејување: 3 работи од Милан - Интер што не ги видовме на ТВ

Читај повеќе

Репрезентациите на ЕУРО со 26 наместо со 23 играчи?

Читај повеќе
  • play_arrow

Капело не го смета Кристијано Роналдо за фудбалски генијалец

Читај повеќе