Ансамблот Танец в четврток заминува на балканска турнеја

Ансамблот Танец в четврток ќе замине на балканска турнеја, со концерти во Подгорица, Љубљана, Загреб и Бања Лука.

На претстојните концерти во Подгорица (20 септември), Љубљана (22 септември), Загреб (24 септември) и Бања Лука (27 септември), на големите сцени на КИЦ „Будо Томовиќ“, „Цанкарјев дом“, „Ватрослав Лисински“ и салата „Борик“, ќе биде изведена раскошна музичко-сценска програма од различни периоди на ансамблот, во која ќе бидат одиграни изворните ора „Тешкото“, „Женско Чамче“ и „Копачка“, како и дел од богатиот кореографски опус на Танец – спектакуларните кореографии „Жетварка“, „Мариовска тресеница“, „Малешевка“ и „Радовишки собор“.

Секако, нема да изостане и богатата вокално-инструментална програма на оркестарот и хорот на Танец, заедно со првенката Сузана Спасовска, кои за публиката ќе исполнат повеќе антологиски песни од богатата ризница на македонскиот народ, како безвременските „Да сум бистра вода“, „Девојче, девојче“, „Седна баба да вечера“, „Лено, ле, Лено“, „Кирјана вино продава“, „Море сокол пие вода на Вардарот“ и многу други.

Турнејата е во рамките на јубилејната година на ансамблот, кога се прославува 75-годишнината од основањето и таа, како и останатите концерти во сезоната, се одвива под мотото „ТАНЕЦ – 75 ГОДИНИ МАКЕДОНСКИ КОД“.

Тагови
реклама

Кафе едно евро, вино две: Која е европската дестинација со рајски плажи?

Read more

Европа пред нова автомобилска револуција

Read more

Полицаец предупредувал казина и локали кога ќе има полициски и финансиски контроли

Read more

Ручек за носење: Три генијални рецепти за салата во тегла

Read more

Култура

Милена Сиљаноска ја промовира стихозбирката „Куќичка на дрво не може да биде дом“

Read more

13 јуни 1943, загинал македонскиот поет Кочо Рацин

Read more

„Чиста петка“ од прилепската публика за „Слепци“ на Турски театар  - Скопје

Read more

„Пар распар“ на Театар Комедија, „Слепци“ на Турскиот театар и независната „Казабалкан“ денес на „Чернодрински“

Read more
 

Вести

На средношколците во Италија им е забрането да користат мобилни телефони на час

Читај повеќе

ЕУ се откажува од увозот на руски фосилни горива и покрај ветото на Унгарија и Словачка

Читај повеќе

Нетанјаху: Израел има две цели во Иран

Читај повеќе

Крај дилерското царство: Европол го разби најголемиот пазар на дрога на темната мрежа

Читај повеќе

Уапсен скопјанец, возел со 2,57 промила алкохол во крвта

Читај повеќе

Полицаец предупредувал казина и локали кога ќе има полициски и финансиски контроли

Читај повеќе

BBC: Израелците беа убедени дека се недопирливи

Читај повеќе

Од полноќ нови цени на горивата

Читај повеќе

Иран се повлекува од договорот за неширење на нуклеарно оружје

Читај повеќе