ЛИГА НА ШАМПИОНИ 2019/20

Ансу Фати стана најмлад стрелец во ЛШ

Со само 17 години и 40 дена тинејџерот на Барса постави рекорд за најмлад стрелец на гол во Лигата на шампионите.

Младиот Фати влезе во игра во 85-тата минута на местото на Карлес Перес и само минута подоцна го постигна победничкиот гол по едно комбинирање со Луис Суарес. 

Фати всушност го сруши рекордот поставен во 1997 година од страна на Ганецот Питер Офори-Куаје кој играјќи за Олимпијакос постигна гол кога имаше 17 години и 195 дена во натпревар од групната фаза против норвешкиот шампион Розенборг. Тогаш грчкиот првак загуби со 5:1 во Тондхајм на 1 октомври 1997, а Офори погоди во 69-тата минута намалувајќи на 4:1.

(голот на Офори е на 1:20)

Фати продолжи да руши рекорди бидејќи стана најмлад стрелец за Барса во Ла Лига кога погоди против Осасуна во август. Наредниот месец дебитираше во Лигата на шампиони станувајќи најмлад играч на Каталонците во ова натпреварување.

Најмлади стрелци во ЛШ:

со 17 години и
1. 40 дена: Ансу Фати (Интер - Барселона 1:2, 10.12.2019)
2. 195 дена: Питер Офори-Куаје (Розенборг - Олимпијакос 5:1, 01.10.1997)
3. 216 дена: Матео Ковачиќ (Динамо - Лион 1:7, 07.12.2011)
4. 218 дена: Сеск Фабрегас (Арсенал - Розенборг 5:1, 07.12.2004)
5. 218 дена: Бојан Кркиќ Перес (Шалке - Барселона 0:1, 01.04.2008)
6. 241 дена: Мартин Клајн (Панатинаикос - Спарта 2:1, 27.02.2002)
7. 263 дена: Брил Емболо (Базел - Лудогорец 4:0, 04.11.2014)
8. 300 дена: Арон Ремси (Фенербахче - Арсенал 2:5, 21.10.2008)
9. 322 дена: Карим Бензема (Лион - Розенборг 2:1, 06.11.2005)

со 18 години и
10. 44 дена: Алекс Окслејд-Чејмбрлејн (Арсенал  - Олимпијакос 2:1, 28.09.2011)

реклама

Фудбал

Дали судот ќе одлучува за фантомскиот гол на Јамал?

Read more

Шпанскиот суд ја замрзна сметката на Пике

Read more

Арсенал ја продолжи борбата за тројната круна со најголемата победа против Челси во својата историја

Read more

Поранешен играч на Реал беше милионер, сега се занимава со необичен бизнис за да преживее

Read more
 

Спорт

Дали судот ќе одлучува за фантомскиот гол на Јамал?

Читај повеќе

Шпанскиот суд ја замрзна сметката на Пике

Читај повеќе
  • play_arrow

Арсенал ја продолжи борбата за тројната круна со најголемата победа против Челси во својата историја

Читај повеќе
  • play_arrow

Поранешен играч на Реал беше милионер, сега се занимава со необичен бизнис за да преживее

Читај повеќе

Гигантите од Евролигата се против влезот на Дубаи

Читај повеќе

Лапорта: Можеби ќе побараме преигрување

Читај повеќе

Тројцата исклучени во дербито ги дознаа казните

Читај повеќе

И Аргентинец ќе суди на ЕУРО 2024

Читај повеќе

Две причини зошто Чави ја преиспита одлуката да остане на Камп Ноу

Читај повеќе