Вести

Антарктик каков што не сте го виделе досега

22. октомври 2019 - 17:13 | А.С.

Антарктик е најладното место на Земјата и е скоро целосно покриен со мраз. Исто така е најголемата пустина во светот. Не треба да се меша со Арктикот, кој се наоѓа близу до Земјиниот Северен Пол на спротивната страна на планетата.

Првото прифатено откривање на континентот датира од 1820 година, а првото пристигнување во 1821 година од Руската експедиција на Михаил Лазарев и Фабијан Готлиб фон Белингхаузен.

Со површина од 13.200.000 км2, Антарктикот е петиот континент по големина, по Азија, Африка, Северна Америка, и Јужна Америка. Исто така тоа е континент со најголема просечна висина и најниска просечна влажност, како и најниска просечна температура.

Тука, на дното на светот, каде нема постојано население, човештвото сепак „замешува прсти“ во најбогатиот океански жив свет. Горењето на фосилни горива на илјадници километри оддалеченост влијае на топењето на мразот, особено во западните делови на Арктикот.

Фотографката на National Geographic Кристина Митермајер ја споделува нејзината приврзаност, но и стравувањата за ова прекрасно место.

Коментирај