Антетокунмпо незадржлив, втор пораз во две вечери за Селтикси

Единаесет натпревари се одиграа во НБА лигата во текот на изминатата ноќ, на седум од нив победија тимовите кои играа на домашен терен.

Индивидуално блескаа Гркот Јанис Антетокунмпо, кој го предводеше Милвоки до победа во Бостон, и центарот на Мајами Хасан Вајтсајд, чиј тим загуби во гостувањето кај Орландо.

Крилниот кошаркар на Милвоки, кој во НБА лигата го носи прекарот „Greak Freak“, импресивно ја почна новата сезона. Во Бостон тој го предводеше својот тим до победата 108:100 со 37 поени и 13 скокови.

Бостон имаше петмина играчи со двоцифрен број поени, а најефикасен беше Џејлен Браун со 18, а еден поен помалку постигна Кајри Ирвинг.

Орландо славеше во дербито на Флорида против Мајами со 116:109. Црногорецот Никола Вучевиќ за Орландо имаше учинок од 18 поени и 13 скокови. Монструозна партија на спортивната страна пружи Хасан Вајтасјад кој оствари 26 поени и 22 скока.

Најефикасниот меч го одиграа Индијана и Бруклин, а домаќинот славаше со 140:131. Осум кошаркари на Индијана постигнаа двоцифрен број на поени, најефикасен беше Виктор Оладипо со 22. На спротивната страна блесна поранешниот играч на Лејкерси Д’Анџело Расел со 30 поени.

НБА резултати:

Детроит-Шарлот 102:90

Индијана-Бруклин 140:131

Орландо-Индијана 116:109

Бостон-Милвоки 100:108

Мемфис-Њу Орлеанс 103:91

Далас-Атланта 111:117

Јута-Денвер 106:96

Сан Антонио-Минесота 107:99

Феникс-Портланд 76:124

Сакраменто-Хјустон 100:105.

реклама

Кошарка

Гигантите од Евролигата се против влезот на Дубаи

Read more

Сега е официјално: Јокиќ против Дончиќ за титулата МВП

Read more

Далас на Дончиќ поразен на стартот од плеј-офот, Харден и Зубац одржаа лекција по кошарка

Read more

Јокиќ против Лејкерс дојде облечен како Гру

Read more
 

Спорт

Дали судот ќе одлучува за фантомскиот гол на Јамал?

Читај повеќе

Шпанскиот суд ја замрзна сметката на Пике

Читај повеќе
  • play_arrow

Арсенал ја продолжи борбата за тројната круна со најголемата победа против Челси во својата историја

Читај повеќе
  • play_arrow

Поранешен играч на Реал беше милионер, сега се занимава со необичен бизнис за да преживее

Читај повеќе

Гигантите од Евролигата се против влезот на Дубаи

Читај повеќе

Лапорта: Можеби ќе побараме преигрување

Читај повеќе

Тројцата исклучени во дербито ги дознаа казните

Читај повеќе

И Аргентинец ќе суди на ЕУРО 2024

Читај повеќе

Две причини зошто Чави ја преиспита одлуката да остане на Камп Ноу

Читај повеќе