Anthenea е иднината на елитниот туризам и претставува прв пловен хотел кој се напојува со соларна енергија.
Станува збор за еко-хотел кој овозможува неверојатен поглед на океан и стаклено дно, каде гостите можат да уживаат во чудесниот морски свет. Замислата е на француска компанија која идејата ја добила од филмот за агентот 007, „The Spy Who Loved Me“ од 1977 година.
Зад проектот се крие силна желба да се создаде нешто уникатно и футуристичко. Првиот ваков хотел е претставен во Бретања, Франција. На самиот врв на хотелот се наоѓа простор за сончање, свечени вечери и ручеци, а во целиот хотел може да се сместат 12 луѓе, пишува Travel Magazine.
Компанијата соопшти дека досега се примени голем број барања, а се планира првите испораки да бидат извршени во 2021 година, што значи дека Anthenea ќе се појави на различни локации ширум светот.
Капсулата е со големина од 540 метри квадратни, дизајнирана да работи на соларна енергија, со пет автоматски ротирачки соларни панели. Сертификувана е како еко-хотел, а ноќевање во овој уникатен простор чини 290 евра за двајца.