Антибиотиците масовно се користат, благодарение на нив успешно се лекуваат дури и најтешките инфекции, но речиси и да не постои ниту еден лек од таа група кој не ја нарушува природната рамнотежа во цревата.
Токму во нив се сместени 70 проценти од човечкиот имунитет. Значи, стомакот прв реагира на антибиотици.
Неселективно дејствување
Што им прават тие на цревата? Антибиотиците делуваат неселективно, па уништуваат еднакво и лошо и добри пробиотски бактерии. Со тоа се нарушува ефектот на бариерите, слабее имунитетот и се менува постоечката рамнотежа во дигестивниот тракт.
Со честата и долготрајна примена на антибиотици во цревата се зголемува можноста за појава на разни опасни бактерии отпорни на антибиотици.
Чести нуспојави
Нуспојавите од терапијата со антибиотици се различни кај секоја личност, а зависат и од видот на антибиотикот кој се користи во лечењето. Најчести непосакувани дејствија поради примената на оваа група на лекови се болки во стомакот, мачнина, пролив и повраќање.
Но, речиси еднакво чести се и алергиски реакции, оштетување на бубрезите, слабеење на слухот, несоница и главоболка.
Можни реакции
Алергиските реакции од антибиотиците се демонстрираат со црвенило на кожата, но може да дојде и до гушење, отекување на лицето, усните и јазикот. Затоа е важно во рана фаза да се посети доктор.
Претерана употреба
Најголем проблем со антибиотиците е нивната претерана неселективна употреба.
Светската здравствена организација започна кампања со цел укажување на глобалниот проблем околу резистентноста на антибиотиците, како и потребата за кревање на свеста кај луѓето околу тоа дека е неопходна зашитита со антибиотици во доза во која тоа е нормално и препишано од страна на стручно лице.
Празен стомак
Многу важно да го прашате вашиот доктор дали конкретниот антибиотик се зема на празен или полн стомак.
За среќа, поголемиот дел од нив можат да се земаат со храна, поради што се намалува можноста за појава на болки.