Античкиот Аударист на Кавадарци може да му носи приход од милион евра

Древниот цивилизациски бисер, античкиот Аударист, кој бил распослан кај денешното кавадаречко село Дреново, може на годишна основа да му носи на Кавадарци приходи од најмалку милион евра.

Ова меѓу другото го кажа денеска проф. д-р Виктор Лилчиќ, на промоција на каталог насловен „Нумизматичкиот материјал во Локален музеј-галерија Кавадарци”.

Говорејќи за тоа дека нумизматичката концентрација го илустрира цивилизацискиот подем на античките тиквешки градови и населби, тој се осврна и некогашниот град и неговиот доминантен градски пазар.

– Претпоставувам, судејќи по винските амфори чиишто делови откриваме на градиштето, тоа бил надалеку прочуен пазар, на кој уште тогаш се продавало првото, најстарото тиквешко вино, по кое доаѓале илјадници трговци од далечните високи краишта на Пелагонија или пак од долината на Астибо, нагласи промоторот Лилчиќ.

Тој потсети дека таму стручниот тим на кавадаречкиот музеј под раководство на Весна Ѓорѓиева, сега директорка на музејот, пред неколку години открија чудесен храм на Божеството Дионис.

Тоа е, додаде, Аударист или Еурист, поранешен град за кој верува дека ќе се уреди и ќе се стопанисува со тој простор.

– Грев е милион патници секојдневно да минуваат низ Дреновска Клисура, без да дознаат за древниот цивилизациски бисер на Кавадарци, дециден беше Лилчиќ.

Автори на каталогот се Весна Ѓорѓиева, кустос советник, и Раде Атанасов, кустос. Неговото издавање е финансиски овозможено од Министерството за култура и локалната самоуправа.

Во воведот на самиот каталог пишува дека Локален Музеј-галерија Кавадарци како институција од областа на културата, од нејзиното формирање во 1976 година до денес, континуирано го собира, обработува, заштитува и презентира музејскиот материјал од сите области на музејската дејност и тоа археологија, историја, историја на уметност, етнологија и средновековна уметност.

– Вработените во музејот, почнувајќи од археологот Драган Дакиќ и историчарот Петре Камчевски, продолжувајќи преку археолозите Весна Ѓорѓиева и Раде Атанасов, активно го собираат, грижливо го чуваат и обработуваат музејскиот материјал од областа на археологијата, вклучувајќи ја тука и нумизматиката, односно монетите кои циркулирале низ вековите во Тиквешкиот регион, стои меѓу другото во каталогот.

Нумизматичката збирка на Локален Музеј-галерија Кавадарци ја сочинуваат 450 монети прибрани по пат на откуп, подарок, рекогносцирање на локалитетите во Тиквешијата, сондажни и систематски археолошки ископувања.

– Сите наведени проекти се реализирани од нашиот музеј под раководство на кустос-советник Весна Ѓорѓиева, како и заштитините археолошки ископувања во соработка со НУ „Национален конзерваторски центар“ - Скопје, како установа надлежна за овие ископувања, кои се извршени на територијата на Општина Кавадарци, со кои раководеше кустос-советник археолог Миле Велчоски, пишува во каталогот.

Овој каталог е плод на неколкугодишни проекти кои Локален Музеј-галерија Кавадарци ги има реализирано  во текот на годините, со поддршка на Министерството за култура.

Во каталогот, на 52 страници се претставени 178 монети, почнувајќи од хеленистичкиот, римскиот, доцноантичкиот период, продолжувајќи преку византискиот, па сѐ до османлискиот период, притоа хронолоши давајќи подобра слика и за економската моќ на овој реон низ вековите.

– На овој начин, преку овој каталог, љубителите на нумизматиката и уметноста воопшто, ќе имаат документ од трајна вредност, низ кој сликовито се опишани формите и претставите на монетоковањето низ вековите, преку монетите кои циркулирале во Тиквешијата, стои во каталогот.

реклама

За да ја задоволи сопругата, Србин направи куќа која се врти

Read more

Нема начин да се спречи удар од голем астероид

Read more

Петар Грашо и Данијела Мартиновиќ раскинаа по 24 години врска

Read more

Работи што ги прави секој маж кој искрено ве сака

Read more

Култура

Објавена новата историска книга од проф. д-р Стефан Влахов - Мицов

Read more

„Волшебниот Моцарт“ за старт на серијалот „Мајски концерти“ на Националната опера и балет

Read more

600 илјади нови книги фаќаат прашина во националните подруми

Read more

Велипеток, најтешкиот ден во годината

Read more
 

Вести

Германија ја дозволи вакцината на AstraZeneca за сите возрасти

Читај повеќе

Вработена во општина Гази Баба пријавила обид за напад од колега-советник

Читај повеќе

Објавена новата историска книга од проф. д-р Стефан Влахов - Мицов

Читај повеќе

Дневен ковид-биланс: позитивни 12,18% од тестираните, 26 починати

Читај повеќе
  • filter

Масовен протест во Атина, Ципрас и Варуфакис заедно со демонстрантите

Читај повеќе

„Волшебниот Моцарт“ за старт на серијалот „Мајски концерти“ на Националната опера и балет

Читај повеќе

Како да го забрзате растот на Вашиот мал бизнис со минимален влог?

Читај повеќе

Г7 повика на отпочнување на преговорите за членство Северна Македонија и Албанија во ЕУ

Читај повеќе

Заев за средбата Пендаровски-Мицкоски: Поборник сум за дијалог, од средбата нема зијан, само добивка

Читај повеќе