Антикорупциска отвори случај за владините хонорарци, ќе ги бара нивните имиња

Скопје, 9 април 2021 (МИА) – Државната комисија за спречување корупција (ДКСК) отворила случај во врска со владините хонорарци, чии имиња не се обелоденети, информира претседателката на ДСКСК, Билјана Ивановска во емисија на ТВ Алфа, додавајќи дека ќе ги бара нивните имиња.

Сите исплати од буџетски средства, нагласи таа, треба да бидат јавни бидејќи буџетот се полни од јавни давачки. Според неа, многу е погрешно да се крие намената и на кого е извршена исплатата.

– Од она што добивме досега како информации забележавме дека сите исплати се извршени преку Агенција за авторски права. Се поставува прашањето дали толку многу авторски дела и требаа на Владата, од една страна, од друга страна дали анализите се авторско дело бидејќи во Законот за авторски права не стои дека анализите се авторско дело, стои пишани документи, но тоа е широк поим. Самиот Закон за авторски права кажува дека авторското дело треба да добие јавност. Според мене не само што требало да бидат кажани лицата, туку требало и самите автрорски дела да бидат достапни, појасни  Ивановска.

Претседателката на ДСКС се осврна на препораките на ГРЕКО за што потранспарентно да се објават и да се олесни пристапот до јавните информации, за сите луѓе ангажирани во Владта по било кој основ.

– Кога вршевме ревизија во Владата пред  повеќе од 10 години имавме и наод дека Генералниот секретаријат на Владата е службата што треба да ја опслужува Владата, рече меѓу другото Ивановска.

Таа смета дека Државниот завод за ревизија треба да направи секоја година финансиска ревизија на Владата.

– Мораме рационално да ги трошиме буџетските средства, истакна Ивановска.

реклама

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

Израел го нападна Иран, пристигна првото видео

Read more

Како изгледал етничкиот состав на цела Македонија во 1905 година?

Read more

5 хороскопски знаци кои се родени за да се збогатат во животот

Read more

Македонија

Македонката Светлана Мојсов меѓу 100-те највлијателни личности во светот според магазинот Time

Read more

Османи: Имало информации дека Израел го нападнал Иран, меѓутоа сѐ уште не се потврдени

Read more

Бојан Јовановски: „Рекет“ не е расчистен, Заев беше човекот што комуницира директно со сите

Read more

Спречен атентат врз Зеленски

Read more
 

Вести

Македонката Светлана Мојсов меѓу 100-те највлијателни личности во светот според магазинот Time

Читај повеќе

Приведено уште едно лице за кражбата на сефот во Црниче

Читај повеќе

Османи: Имало информации дека Израел го нападнал Иран, меѓутоа сѐ уште не се потврдени

Читај повеќе

Бојан Јовановски: „Рекет“ не е расчистен, Заев беше човекот што комуницира директно со сите

Читај повеќе

Детали за кражбата на сефот во скопско Црниче: 23-годишник е еден од осомничените

Читај повеќе

Деловен партнер од Кремљ номиниран за Нобеловата награда за мир

Читај повеќе

Спречен атентат врз Зеленски

Читај повеќе

Паднаа акциите на Netflix

Читај повеќе

Дали Кина ја снабдува Русија со делови за производство на оружје?

Читај повеќе