Антикорупциска побара од Обвинителство да отвори истрага против опозициски функционери

Државната комисија за спречување на корупцијата побара од Основното јавно обвинителство Скопје да отвори истрага против министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски за незаконско распоредување и унапредување на вработени во МВР, по распишување на одлуката за предвремени парламентарни избори, што според комисијата, е кршење на членот 8-а од Изборниот законик на Македонија.

Комисијата денеска оваа одлука ја донесе на јавна седница, едногласно, откако претставка на Спасовски му поднел дополнителниот заменик-министер за внатрешни работи Оливер Андонов.

Известителот за овој предмет Фарие Алиу, ги прочита наводите на Андонов во претставката против Спасовски, дека на унапредените началници во МВР, Спасовски им ја зголемил и платата.

„Од доставените решенија и наредби за распоредување за вршење работни задачи на работни места со повисоко звање на лицата им се утврдува плата во висина на платата на работно место кое се задолжува да го работат што значи основна плата и зголемен износ на средства наменет за плата за 30 отсто поврзано со одреден статус. На овие вработени во МВР им се исплатува зголемена плата различна од редовните месечни исплати што ги примале приложена документација и носат датум 18 октомври 2016 година“, рече Алиу.

Претседателот на ДКСК, Игор Тантуровски, во врска со вториот предмет во кој се посочува на користење на јавни ресурси од Јавното комунално претпријатие во Куманово, чии возила биле користени за транспорт на партиски материјал за опозицискиот СДСМ, рече дека е основан.

„Приговорот е поднесен за непочитување, односно повреда на одредбите од членот 8б од Изборниот законик и во него се наведува дека повредата ја извршиле вработени во ЈКП Куманово и претставници на СДСМ и коалицијата. Наводите укажуваат дека на денот и по денот на донесување на решението за распишување на изборите користејќи службени возила и вработени од Јавното комунално претпријатие Куманово пренесуван е изборен и предизборен материјал за партиски цели на СДСМ и коалицијата“, рече Тануровски.

Заедно со приговорот, додаде, доставени се и фотокопии од фотографии, објава од текстови од медиуми и видеа на ЦД.

Комисијата изгласа дека надлежното обвинителство треба за овој случај да влезе и во СДСМ, кај градоначалникот од СДСМ на Куманово Зоран Дамјановски и кај директорот на кумановското комунално претпријатие и повратна информација да се достави до ДКСК и до ОЈО.

реклама

Убиството во Чаир се случило поради сообраќајна расправија, осомничени се осум лица

Read more

Елегантна и заводлива: Моника Белучи мамеше погледи во Дубаи

Read more

Еротски микс

Read more

Што ќе се случи ако истурите омекнувач во тоалетот?

Read more

Хроника

Тепачка на паркинг во Аеродром, уапсените на возраст од 19 до 27 години

Read more

Убиството во Чаир се случило поради сообраќајна расправија, осомничени се осум лица

Read more

Велешанка во притвор: Каменувала дете, го удрила со нога во стомакот

Read more

Доживотен затвор за Фадил Зејнелов, убиецот на Емилија Пешева

Read more
 

Вести

Партиите од коалицијата „Влен“ размислуваат да се соединат во една партија по локалните избори

Читај повеќе

Адмирал на НАТО: Украина нема да биде последната цел на Путин

Читај повеќе

Странци нема да смеат да купуваат имот во Австралија

Читај повеќе

Трамп: Оној кој ја спасува својата земја не крши ниеден закон

Читај повеќе

Тепачка на паркинг во Аеродром, уапсените на возраст од 19 до 27 години

Читај повеќе

Убиството во Чаир се случило поради сообраќајна расправија, осомничени се осум лица

Читај повеќе

Зеленски: Работиме на посебен договор со САД

Читај повеќе

Семејството на Фросина Кулакова со порака до институциите

Читај повеќе

Георг Георгиев: Вклучувањето на Бугарите во Уставот ќе овозможи почеток на преговорите

Читај повеќе