Антикорупциска: Владата да ги преземе надлежностите за уривање на дивоградбите во Охридско

МИА
/ 15.05.2020 / 16:31

Владата да ги преземе надлежностите на сите општини коишто се наоѓаат во Охридскиот регион кој е заштитен од УНЕСКО и да се справи со објектите коишто се бесправно изградени, побара денеска претседателката на Државната комисија за спречување на корупцијата Билјана Ивановска по седницата на ДКСК на која постапувале по предмети во врска со бесправно изградените објекти на Охридско-Струшкото крајбрежје.

– Врз основа на информациите кои ги добивме дојдовме до сознание дека Општина Охрид  само во 2019 година има склчено еден договор со еден економски оператор и тоа во вредност од 1,5 милиони денари со ДДВ. Сметаме дека поради тоа што ова е премал износ за справување со дивоградбите, ДКСК ќе упати барање до Владата да ги преземе сите активности да се справи со објектите коишто се бесправно изградени, нагласи Ивановска.

Антикорупционерите денеска разгледувајќи предмет на ЈП за стопанисување со спортски објекти во сопственост на државата, увиделе дека постојат низа слабости во работењето на  директорот на Јавното претпријатие, поради што ќе упатат иницијатива до Владата да утврди одговорност на директорот, но ќе поднесат и иницијатива до соодветно Обвинителство поради тоа што, според нив, постојат и основи за сомневање за злоупотреба на службената должност.

– Се работи за тоа што утврдивме дека директорот издавал под закуп спортски објекти коишто по Законот за спорт не треба да ги издава бидејќи тие се суштински, но ги издавал, односно склучувал договори, за закуп без одлуки донесени од страна на Владата, појасни Ивановска.

Прашана за мислење за изборите, првата антикорупционерка рече дека тие не се надлежни, односно немаат ингеренции да дадат свое мислење. Тоа, вели Ивановска треба да го направи Комисијата за здравство да каже дали има услови за спроведување на изборите.

– Меѓутоа до колку и во вакви услови се одлучи да се спроведуваат изборите, можеби треба да се пристапи кон некои посовремени начини на организирање на кампањата заради тоа што и во нормални услови кога се одеше од врата на врата, гледано од наш аспект, постои висок ризик за поткуп на гласачи, рече Ивановска.

Таа вели дека доколку од здравствен аспект се оцени дека може да имаме избори, тогаш кампањата да се води медиумски или некој друг пософистициран начини за да се избегнат масовни собирања на луѓето.

реклама

Што ќе им донесе сезоната на Бикот на сите хороскопски знаци од 19 април до 20 мај?

Read more

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

Вештачка интелигенција управуваше борбен авион против човечки пилот

Read more

Секси петок

Read more
 

Ново

  • filter

Секси петок

Читај повеќе

Македонката Светлана Мојсов меѓу 100-те највлијателни личности во светот според магазинот Time

Читај повеќе
  • play_arrow

Вештачка интелигенција управуваше борбен авион против човечки пилот

Читај повеќе

Приведено уште едно лице за кражбата на сефот во Црниче

Читај повеќе

Богати до небо: Колку заработува автомобилската индустрија?

Читај повеќе

Манчестер Сити пред мегатрансфер – тргна по еден од најскапите во светот

Читај повеќе

Рецепт на денот: Ароматично пилешко со зеленчук и рузмарин

Читај повеќе

Османи: Имало информации дека Израел го нападнал Иран, меѓутоа сѐ уште не се потврдени

Читај повеќе

Што ќе им донесе сезоната на Бикот на сите хороскопски знаци од 19 април до 20 мај?

Читај повеќе