Антистрес мачки на работното место во Јапонија

Една компанија во Јапонија, земја позната по долгото работно време и стресната хиерархиска дисциплина, пронашла терапија за намалување на стресот фокусирана на користењето на мачки, пренесуваат светските агенции.

Во малата токиска канцеларија на информатичката компанија Ferray, девет мачки скокаат на колената на вработените, се шетаат по тастатурите, спијат, јадат и слободно се движат низ просторијата. Директорот на компанијата, Хиденоби Фукуда вовел своја политика за „мачки во канцеларија“ во 2000 година, на барање на еден од своите соработници и им дозволил на вработените да доаѓаат на работа со своите мачки.

И други јапонски компании се насочија кон употребата на животни за намалување на стресот и тензиите на работните места. Во јапонскиот огранок од компанијата Oracle, кучето кое се вика Кенди, стана нивен „амбасадор, задолжен да дочекува гости и да ги смирува вработените“ стои на нивната веб страна.

Oracle во Јапонија има куче во работните канцеларии уште од 1991 година и Кенди, кое е четврто куче досега во оваа компанија и исто така има свој Twitter и Instagram профил.

Компанијата за човечки ресурси, Pasona Group, пак, со полно вработно време вработила „две кози“ во 2011 година. Низ Токио, пак, има околу 60-тина кафулиња каде е дозволено да се движат мачки и тие слободно шетаат помеѓу клиентите.

реклама

Буфон до Пирло: Сега треба да ти се обраќам со „господине“?

Read more

10 вежби за слабеење кои секој може да ги прави дома

Read more

Борец го совлада Вардар на отворањето од новата сезона во 1.МФЛ

Read more

Заборавени во времето: Напуштени пијана низ Европа

Read more

Живот

„Татко ми без размислување го даруваше неговиот бубрег за да го спаси мојот живот“

Read more

Медицинско чудо: Бебе во „водена обвивка“ се роди на ГАК

Read more

Virgin Galactic и Rolls Royce претставија надзвучен авион

Read more

Хороскопски знаци кои најлесно ги освојуваат женските срца

Read more

Магазин

Објавен првиот Водич за справување со невролошки заболувања во услови на COVID-19

Читај повеќе
  • play_arrow

Направете сами: Здрави летни коктели за разладување

Читај повеќе
  • play_arrow

10 вежби за слабеење кои секој може да ги прави дома

Читај повеќе

„Татко ми без размислување го даруваше неговиот бубрег за да го спаси мојот живот“

Читај повеќе

КОВИД умор: Дали и вам ви е смачено од пандемијата?

Читај повеќе
  • play_arrow

Десерт на денот: Суфле палачинки

Читај повеќе

Медицинско чудо: Бебе во „водена обвивка“ се роди на ГАК

Читај повеќе
  • filter

Поглед во луксузниот дом на Џенифер Лоренс, вреден 10 милиони долари

Читај повеќе
  • filter

Virgin Galactic и Rolls Royce претставија надзвучен авион

Читај повеќе