Антителата по втората доза на Sinovac ослабуваат по шест месеци

Антителата генерирани по приемот на кинеската вакцина Sinovac Biotech против COVID -19 паднале под клучниот праг приближно шест месеци по втората доза кај повеќето приматели, а третата доза имала силен стимулативен ефект, според лабораториска студија.

Кинеските истражувачи ги објавија наодите од студијата на примероци од крв кај здрави возрасни лица на возраст од 18 до 59 години во трудот објавен во неделата, кој не е прегледан од независни експерти.

Меѓу учесниците кои примиле две дози, во интервал од две или четири недели, само 16,9 и 35,2 проценти, соодветно, имале неутрализирачки антитела над она што истражувачите го сметале за ниво на препознатлив праг шест месеци по втората доза, се вели во трудот.

Овие читања се базираат на податоци од две групи со повеќе од 50 учесници во секоја, додека во истражувањето била дадена трета доза на вакцина или плацебо за вкупно 540 учесници.

Истражувачите велат дека не е јасно како намалувањето на антителата ќе влијае на ефикасноста на вакцината, бидејќи научниците сè уште не утврдиле праг за нивото на антитела за вакцината за да се спречи болеста.

„На краток и среден рок, најважно е да се осигура што е можно повеќе луѓе да се целосно вакцинирани со две дози на CoronaVac“, стои во извештајот.

Студијата, исто така, забележа дека учесниците во некои групи кои ја примиле третата доза на Sinovac околу шест месеци по втората, покажале за 3-5 пати зголемување на нивото на антитела по уште 28 дена, во споредба со нивото забележано четири недели по втората доза.

Истражувачите предупредија дека студијата не го тестирала влијанието на антителата врз преносливите варијанти и дека биле потребни дополнителни истражувања за да се процени времетраењето на антителото по третата доза.

Студијата е спроведена од истражувачи на тела за контрола на болести во провинцијата Ѓијангсу, Sinovac и други кинески институции.

реклама

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Димитриевски до Пендаровски: Разликата е огромна, откажете се од оваа битка и оставете нè да победиме во вториот круг

Read more

Силјановска Давкова за убедливото водство: Напати се срамам, зарем е можно толку многу луѓе вака да реагираат

Read more

Храна што го намалува ризикот од дијабетес, рак и деменција

Read more

Вести

Сондата Voyager 1 се „разбуди“ - повторно испраќа податоци од вселената

Read more

Европа е под топлотен стрес - се загрева најбрзо од сите континенти

Read more

На повидок нов револуционерен начин на потрага по вонземен живот

Read more

Маж во Холандија имал ковид 613 дена: Пронајдени се над 50 мутации на вирусот

Read more
 

Гик

Threads надмина 150 милиони активни месечни корисници

Читај повеќе

Дали треба да ги бараме вонземјаните на виолетови планети?

Читај повеќе
  • play_arrow

Откриено тајно brutality за Mortal Kombat 1

Читај повеќе

Poetry Camera ги претвора фотографиите во поезија

Читај повеќе

Три популарни теории за тоа како почнал животот на Земјата

Читај повеќе

Grindr во центарот на скандал: Споделувале ХИВ статус на корисниците

Читај повеќе

Сондата Voyager 1 се „разбуди“ - повторно испраќа податоци од вселената

Читај повеќе

Европа е под топлотен стрес - се загрева најбрзо од сите континенти

Читај повеќе

На повидок нов револуционерен начин на потрага по вонземен живот

Читај повеќе