Шпанскиот актер Антонио Бандерас откри дека преживеал срцев удар во почетокот на годинава.
Обраќајќи се на филмскиот фестивал во неговиот роден град Малага, ѕвездата од „Mask of Zorro“ рече:
„Преживеав срцев удар на 26 јануари, но не беше ништо сериозно и нема никакви последици.“
Бандерас (56) има ставено три стентови во артериите, но сепак инсистираше дека не било ништо драматично.
Тој додаде дека е добар и дека одвај чека да се врати на работа.
Бандерас ја прими наградата за животно дело на фестивалот со која му беше оддадено признание за неговата кариера како актер, продуцент и режисер.
Актерот играше фламенко на сцената за да покаже дека е во добра форма кога го прими трофејот Biznaga de Oro Honorifica.