Апасиев бара отворање на македонски конзулат во Корча: Бугарија ги асимилира Македонците во Албанија

Дали вие како премиер ќе се заложите да се отвори македонски конзулат во Корча, затоа што сега луѓето треба да патуваат 4 часа до Амбасадата во Тирана? Ова им е елементарно барање на Македонците во Корча, вака гласи пратеничкото прашање со концизно образложение што го постави пратеникот и претседател на Левица, проф. д-р Димитар Апасиев, обраќајќи се до Христијан Мицкоски.

Барајќи отворање на македонски конзулат во градот Корча (кој ан македонски од дамнина се вика Горица), Апасиев се осврна кон состојбата со македонското малцинство во Албанија.

„Македонското малцинство е признато како едно од деветте малцинства во Албанија. Биле 8 малцинства, но од октомври 2017 година, под влијание на бугарската агресивна надворешна политика, станале 9. Замислете, 100 години немало никакви Бугари на 11 пописи во Албанија и наеднаш на пописот во 2023 година, под надворешен притисок, има скоро 8.000 Бугари и само 2.500 Македонци“.

Според Апасиев, бугарската политика во Албанија стратешки делува, за разлика од македонската.

„Како работи бугарската агенда? Им нудат бесплатни екскурзии, стипендии за децата, фондации и грантови, бугарски пасоши (тоа е веќе бизнис), бесплатни медицински прегледи, реновираат училишта и центри за млади. Наспроти ова, нашите возвраќаат со еден весник што го печатат на 4 старовремски листови. Ете, толку е нашата стратегија за нив. Го прашав амбасадорот, со колку буџет располагаат, тој рече дека добиваат 180 евра месечно. Со 180 евра не можете сала да изнајмите! Наспроти оваа бугарска пропаганда, ние се спротивставуваме со овие бројки што ги кажав“, образложи претседателот и лидер на опозицијата во Македонија, Димитар Апасиев.

Тој истакна дека во Албанија им се заглавени околу 300 барања за државјанство на Македонците, коишто се стари повеќе од 10 години и се наоѓаат во МВР.

„За разлика, од Законот за државјанства каде што на Косовари, 'ние' измисливме да им даваме државјанство со фискална сметка од Сити мол, на нашинциве во Албанија државјанствата им се заглавени со години“, рече лидерот на Левица.

Апасиев додаде дека во Горица има грчки конзулат, затоа што тоа Грците си го сметаат за Северен Епир.

„Кога при нашата работна посета на Корча (Горица), ги прашавме мештаните колку Грци живеат таму, кажаа – нула. Значи, нула Грци, а има огромен грчки конзулат и многу Македонци, коишто сè уште немаат никаков конзулат во Корча“, поентираше Апасиев.

реклама

Македонија

В недела меморијален марш за Благојче Илијевски кој почина од цистична фиброза чекајќи „Трикафта“

Read more

Во добра состојба е првиот пациент кој се врати од лекување во странство по пожарот во Кочани

Read more

Левица бара разрешување на директорот на болницата во Демир Хисар

Read more

Собранието ќе продолжи со работа следната недела

Read more
 

Вести

Американски разузнавачи: Русија развива сателити кои носат нуклеарно оружје

Читај повеќе

В недела меморијален марш за Благојче Илијевски кој почина од цистична фиброза чекајќи „Трикафта“

Читај повеќе

Во добра состојба е првиот пациент кој се врати од лекување во странство по пожарот во Кочани

Читај повеќе

Белата куќа: САД и Русија постигнаа важен договор, се согласи и Украина

Читај повеќе

Прилепскиот театар затворен - објектот е опасен за ансамблот и публиката

Читај повеќе

Истрага против татко и двајца синови: Држеле во заложништво шест млади мигранти

Читај повеќе

Екстремно десничарската АфД за прв пат е најсилна опозиција во Германија

Читај повеќе

Трамп вети дека ќе стави крај на војната во Украина во рок од 24 часа: Што направи оттогаш?

Читај повеќе

Левица бара разрешување на директорот на болницата во Демир Хисар

Читај повеќе