Апасиев го цитира Кастро, Мицкоски збунет: Ќе има соработка или не?

Откако од ВМРО-ДПМНЕ најавија дека очекуваат поддршка од Левица за победа и во вториот круг над владејачката СДСМ, лидерот на Левица преку Facebook најави дека тешко ќе дојде до такво нешто.

„Не смее да има никакво коалицирање со партии кои имаат дамки во своето работење! КОАЛИЦИРАЊЕТО ЌЕ ЈА РАЗВОДНИ ИДЕОЛОГИЈАТА. Од тоа корист ќе имаат само нашите ривали“, напиша професорот по римско право цитирајќи ги зборовите кои тогаш младиот Фидел Кастро ги кажал во 1948 година откако неговата партија влегла во кубанскиот Парламент со само два пратеника, слично како и Левица на Апасиев.

Неговиот статус го коментираше лидерот на најголемата опозициска партија, Христијан Мицкоски, кој изјави дека не му е јасна пораката и повика на соработка.

„Нашата врата е отворена, раката е подадена. Малку бев збунет од утринската комуникација на лидерот на Левица преку социјалните медиуми, но еве оставам тие да изберат каква сакаат соработка со блокот, дали тоа ќе биде во рамки на формална коалиција, дали ќе ги поддржат кандидатите, оставам на нив тие да одлучат. Еве нека не биде притисок ова што јас го зборувам затоа што очигледно дека протестните гласови на граѓаните во Македонија се најмалку двапати поголеми од оние гласови кои во моментов ја поддржуваат коалицијата на СДСМ“, рече Мицкоски во изјава за медиуми.

Remote video URL
реклама

Што ќе им донесе сезоната на Бикот на сите хороскопски знаци од 19 април до 20 мај?

Read more

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

Зошто Александар Македонски не го нападнал Рим туку одел само на исток?

Read more

Најнеобичните цвеќиња што може да се видат на Земјата

Read more

Македонија

Силјановска-Давкова учествуваше на одбележувањето на 76-годишнината од прогонството на Македонците од Егеј

Read more

Апасиев од Титов Велес: Сиромашниот Албанец ни е поблизок од Кочо Анѓушев

Read more

Во вторник предизборен молк, до тогаш продолжува презентацијата на изборните програми

Read more

Пендаровски: Понудата на Мицкоски за коалицирање е знак на слабост

Read more
 

Вести

Силјановска-Давкова учествуваше на одбележувањето на 76-годишнината од прогонството на Македонците од Егеј

Читај повеќе

Бројот на палестинските жртви во Појасот Газа надмина 34.000

Читај повеќе

МАИ ги додели наградите за изданијата меѓу два Саеми на книга

Читај повеќе

Ерменија се согласи да врати делови од својата територија на Азербејџан

Читај повеќе
  • play_arrow

Апасиев од Титов Велес: Сиромашниот Албанец ни е поблизок од Кочо Анѓушев

Читај повеќе

Во вторник предизборен молк, до тогаш продолжува презентацијата на изборните програми

Читај повеќе

Пендаровски: Понудата на Мицкоски за коалицирање е знак на слабост

Читај повеќе
  • play_arrow

Силно невреме со поплави во Грција, Волос без струја

Читај повеќе

Големи експлозии во база на проиранската милиција во Ирак

Читај повеќе