На Законот за одложување на пописот му се заканува блокада откако од Алијанса на Албанците и Алтернатива најавија дека ќе продолжат со блокирање на работата на Собранието.
Пратеникот од Левица, професорот Димитар Апасиев, вели дека има начин како да се заобиколи блоката на Алијанса на Албанците и Алтернатива и тоа на два начина.
„Има две варијанти за одложување на пописот. Или тоа да го стори Собранието, кадешто не би можело да има блокада, бидејќи би одел со „европско знаменце“ за два до три дена. Во случај да не може тоа да се постигне, мислам дека ќе се оди преку Уставниот суд, односно со постапување по Иницијативата на Левица - поништување на Законот за попис, или негово укинување со времена мерка мораториум - ставање вон сила“, вели тој.