Апасиев: Патните трошоци на пратениците треба да бидат изедначени со автобуски билет

Пратеникот од Левица понуди решение како да се запре со луксузирањето од страна на пратениците со надоместокот за патни трошоци.

Откако во јавноста излезе нова скандалозна листа на пратеници кои земале преголем надоместок на основа на патни трошоци, пратеникот од редовите на Левица, професорот Димитар Апасиев, во изјава за Канал 5 понуди решение кое би требало да го реши овој проблем од кој најголема штета трпат граѓаните чии народни пари завршуваат во пратеничките длабоки џебови.

„Најелегантното решение според нас, бидејќи има неколку варијанти, е постоечкото 20% на изминат километар да се измени и да се спушти на 5%. Според нашите калкулации, во тој случај, цената којашто ќе ја добиваат пратениците ќе биде изедначена со цената на повратниот автобуски билет за одредена релација“, вели Апасиев.

Тој даде и еден пример како за патување кое вреди 300 денари пратениците земаат диполнителни 700 денари и го олеснуваат буџетот, а сето тоа е законски.

„Еден пример: патување од Куманово е 40 километри наваму и 40 километри натаму. за 80 километри добивате 1.000 денари, а реалниот трошок за изминати 80 километри е 300 денари. 700 денари Собранието ги дава бакшиш“, додава тој.

Remote video URL
реклама

Што ќе им донесе сезоната на Бикот на сите хороскопски знаци од 19 април до 20 мај?

Read more

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

Зошто Александар Македонски не го нападнал Рим туку одел само на исток?

Read more

Најнеобичните цвеќиња што може да се видат на Земјата

Read more

Македонија

Викендов променливо облачно со локален дожд

Read more

Посебен сообраќаен режим викендов во Скопје поради предизборни митинзи

Read more

Македонката Светлана Мојсов меѓу 100-те највлијателни личности во светот според магазинот Time

Read more

Османи: Имало информации дека Израел го нападнал Иран, меѓутоа сѐ уште не се потврдени

Read more
 

Вести

Големи експлозии во база на проиранската милиција во Ирак

Читај повеќе

Викендов променливо облачно со локален дожд

Читај повеќе

Филмот на Цветановски со награда за најдобар филм во Калифорнија

Читај повеќе

Посебен сообраќаен режим викендов во Скопје поради предизборни митинзи

Читај повеќе

Македонката Светлана Мојсов меѓу 100-те највлијателни личности во светот според магазинот Time

Читај повеќе

Приведено уште едно лице за кражбата на сефот во Црниче

Читај повеќе

Османи: Имало информации дека Израел го нападнал Иран, меѓутоа сѐ уште не се потврдени

Читај повеќе

Бојан Јовановски: „Рекет“ не е расчистен, Заев беше човекот што комуницира директно со сите

Читај повеќе

Детали за кражбата на сефот во скопско Црниче: 23-годишник е еден од осомничените

Читај повеќе