Лидерот на Левица за време на говорот на претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен прво свиреше со свирче, а потоа дојде до говорницата и пред неа постави плакат со испишано „Македонија вели НЕ!“.
Директниот пренос на Собранискиот канал на МРТ тој момент не го прикажа бидејќи камерите веднаш се завртеа на страна, но се појавија две снимки на кои се гледа настанот од различни агли.
Зад професорот Апасиев одеше и вториот пратеник на Левица, Борислав Крмов, а веднаш потоа двајцата не се вратија на своите места туку ја напуштија собраниската сала и не го дослушаа говорот на Фон дер Лајен со кој се обидуваше да ги убеди пратениците да го поддржат предлогот.
Пред зградата на Собранието протестот и натаму тече, а сѐ повеќе луѓе се собирааат. Има и големо полициско присуство.