Со цел заштита на здравјето

Апел од Владата, МПЦ, ИВЗ и Католичката црква сите да ги почитуваат мерките

Мерките за справувањето со пандемијата, како и други актуелни прашања од значење за верските заедници и за државата беа тема на разговор на денешната средба на премиерот Зоран Заев со поглаварите на верските заедници во земјава споменати во Уставот.

Како што информираат од владината прес-служба, заклучено е, од средбата да биде испратен заеднички апел на Владата и МПЦ, ИВЗ и Католичката црква, до сите граѓани, за почитување на мерките донесени од страна на Владата.  Заеднички е оценето дека од почитувањето на мерките, ќе зависи и како граѓаните ќе ги поминат претстојните празници: Велигден и Рамазан Бајрам, а јасно е дека постои желба кај сите за одбележување на големите верски празници во мир и спокој и заедно со најблиските во семејството.

Премиерот Заев изрази благодарност до верските лидери за потребата да се застане заеднички, во справувањето со последиците од пандемијата, што е од полза на сите луѓе. Тој најави средби и со претставници на другите верски заедници во земјава.

Исто така, изразена е поддршка од сите верски заедници на процесот на вакцинирање и се упатува заеднички повик до сите граѓани да се пријават за вакцинација, со што ќе дадат придонес во сочувувањето на своето здравје и на јавното здравје.

Од страна на верските лидери присутни на состанокот е укажано дека на заштитата на здравјето не е само обврска на државата, туку е и верска обврска бидејќи секој човек е должен, како општествено, така и според верата, да биде во служба на здравјето.

Заеднички е констатирано дека во овие моменти кога човештвото се соочува со непредвидлив вирус, потребна е разумност од страна на сите верници, бидејќи болеста не избира религии и нации.

На состанокот е разговарано и за прашања од областа на денационализацијата на имот и образованието и е одлучено за нив да има дополнителни контакти, со цел заокружување на решенијата во интерес и на државата и на верските заедници и граѓаните.

Претставниците на верските заедници присутни на денешниот состанок изразија благодарност до премиерот Заев за отвореноста за разговори и соработка, секогаш кога е тоа потребно.

реклама

Принцот Филип беше против разводот на Чарлс и Дијана: Никој со здрав разум не би ја оставил за Камила

Read more

Текстилниот сектор пред колапс

Read more

Американски водител: Бил Гејтс мисли дека е Бог

Read more

Кои се голите девојки уапсени во Дубаи и кој стои зад сето тоа?

Read more

Македонија

Утре сончево, од вторник врнежи и намалување на температурите

Read more

Паркот на природата „Езерани“ плени со својата разновидност и убавина

Read more

Во ковид-центрите во земјава се лекуваат 1.699 пациенти

Read more

МОН: Нови наставни програми за првачињата – основа и поттик за креативен пристап во наставата

Read more
 

Вести

  • play_arrow

Протести во Флорида поради мерките против COVID-19

Читај повеќе

Утре сончево, од вторник врнежи и намалување на температурите

Читај повеќе
  • filter

Паркот на природата „Езерани“ плени со својата разновидност и убавина

Читај повеќе

Во ковид-центрите во земјава се лекуваат 1.699 пациенти

Читај повеќе

Србите од средина на април ќе можат во Грција, а од 14 мај и преку С. Македонија

Читај повеќе

МОН: Нови наставни програми за првачињата – основа и поттик за креативен пристап во наставата

Читај повеќе

Бразил е закана за целиот свет, откриени 92 мутации на коронавирусот

Читај повеќе

Град Скопје наскоро ќе почне со имплементација на проектот – брз автобуски превоз

Читај повеќе

Илјадници луѓе протестираа против рестриктивните мерки во Виена

Читај повеќе