Апел: Правописот да се објави на интернет

Апел до Институтот за македонски јазик „Крсте Мисирков“ – Скопје по повод објавувањето на Правописот на македонскиот јазик во печатена верзија, да се дигитализира и да се постави на интернет, со што би станал достапен за поширока публика.

Минатата недела беше промовиран новиот Правопис на македонскиот јазик од страна на Институтот за македонски јазик „Крсте Мисирков“ Скопје, кој е достапен за продажба во печатена верзија.

Со оглед на тоа дека се работи за образовно средство изработено со јавни пари, постои одлична основа истото издание да биде достапно до целата јавност во дигитална форма, преку интернет во форма на отворен образовен ресурс.

„Апелираме до Институтот за македонски јазик „Крсте Мисирков“ да овозможи пристап до Правописот во дигитална форма бесплатно како отворен образовен ресурс за сите граѓани на Македонија – кои како даночни обврзници веќе имаат платено за овој труд, а и луѓето од целиот свет кои се заинтересирани за правописот на македонскиот јазик“, велат од фондацијата Метаморфозис.

Отворени образовни ресурси (ООР), се образовни средства и содржини кои се слободни за употреба, појаснуваат. Тоа се образовни алатки кои се бесплатни и можат без никаков надомест да се користат во едукативни и истражувачки цели. Покрај тоа, ООР се слободни и за дистрибуција врз претходно дефинирани авторски и сопственички права кои промовираат слободна дистрибуција и го овозможуваат умножувањето на овие алатки.

Отвореното образование е светско движење кое влијае на создавање на политики во ЕУ чијашто цел е да стимулираат висококвалитетни, иновациски начини на учење и настава преку дигиталните технологии и содржини, со мерки на ниво на ЕУ и на национално ниво, на пр. поддршка за институциите за учење, наставниците и учениците од сите возрасти во стекнувањето дигитални вештини, со воведување на нови методи за учење.

реклама

Зошто треба да ставите алуминиумска фолија зад рутерот?

Read more

Едноставен и брз метод: Белите патики повторно ќе изгледаат како нови

Read more

Голем месечен хороскоп за април 2024: Ретрограден Меркур им ги мрси конците на неколку знаци

Read more

Со едноставен водоводџиски трик ослободете се од смрдеата од одводот

Read more

Култура

Госпоѓиците од Авињон на сцената на Националната опера и балет

Read more

Коле Ангеловски: Театрите се распаѓаат, а ние финансираме фестивали во други држави

Read more

Ива Петреска ја промовира дебитантската стихозбирка „Песнило“

Read more
26 март 1901, роден е македонскиот сликар Лазар Личеноски

26 март 1901, роден е македонскиот сликар Лазар Личеноски

Read more
 

Вести

В недела посебен сообраќаен режим во Скопје поради атлетска трка

Читај повеќе

Инспектори затекнале диви менувачници на Бит-пазар, но наместо да ги запечатат, им дозволиле да работат

Читај повеќе

Fox News открива: САД потрошиле најмалку 113 милијарди долари за војната во Украина

Читај повеќе

Во Таџикистан уапсени 9 лица поврзани со масакрот во Москва

Читај повеќе

Донесено упатство за радиодифузерите за претседателските и парламентарните избори

Читај повеќе

Три лица искасани од кучиња скитници во Скопје

Читај повеќе

Петровска: Судот донесе одлука дека Ковачки неправедно ме клеветел

Читај повеќе

Тешка сообраќајна несреќа во Кичево: 3 млади лица го загубија животот, има и тешко повредени

Читај повеќе

Денеска се отвора Џевахир Мол Скопје во Аеродром

Читај повеќе