Aпелација ги објави одлуките: Груевски не може да бега со лична карта

Апелациониот суд ги објави одлуките за одбивањето на мерките притвор за обвинетите во „Титаник“, меѓу кои за Никола Груевски, Миле Јанакиески, Гордана Јанкулоска, Мартин Протоѓер и Кирил Божиновски.

Во образложението на одлуката за Груевски пишува дека со оглед на фактот што на обвинетиот му е одземена патната исправа и службениот пасош и мора секој петок да се јавува во судот, се елиминира опаноста од бегство. Дополнително, пишуваат судиите во одлуката, податоците за оваа мерка на претпазливост се внесуваат во комјутерската евиденција на МВР, поради што и со лична карта, обвинетиот не може да оствари излез од државата.

„Паричните средства кои ги поседува обвинетиот на што укажува обвинителството како можност за бегство за обвинетиот надвор од државата, овој суд цени дека не можат да се земат изолирано туку во склоп со личните и семејните прилики на обвинетиот“, пишува во одлуката.

Според судиите, можноста Груевски да влијае врз сведоци е апстрактна и непоткрепена. „Обвинителството не го стори веројатно сомневањето дека обвинетиот би вршел влијание врз сведоци и соучесници, а според овој суд не е доволно само да се истакне апстрактна можност за влијание, туку потребно е да се наведат особено конкретни околности кои го потврдуваат постоењето на оваа опасност, како што образлага и првостепениот суд“.

Образложението за екс-министерката Јанкулоска е дека опасноста од попречување на кривичната постапка со влијание врз сведоците и соучесниците, за овој суд е неоснована. Судиите пишуваат и дека поврзувањето на обвинетата за влијание врз сведоците со нејзината функција -министер на МВР и околноста дека дел од сведоците предложени од обвинителството со листата на докази биле нејзини поранешни подредени се неосновани, бидејќи обвинетата подолг временски период не ја врши наведената функција.

реклама

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Храна што го намалува ризикот од дијабетес, рак и деменција

Read more

Силјановска Давкова за убедливото водство: Напати се срамам, зарем е можно толку многу луѓе вака да реагираат

Read more

Три уреди во домот што никогаш не треба да се исклучуваат од струја

Read more

Македонија

Променливо облачно со повремени врнежи од дожд, а на планините со повремен снег

Read more

ДИК: Силјановска Давкова освои 324.177, Пендаровски 161.393 гласа по обработени 89,97 отсто

Read more

Димитриевски до Пендаровски: Разликата е огромна, откажете се од оваа битка и оставете нè да победиме во вториот круг

Read more

Касами: Добитници на овие избори сме ние, ДУИ има купено гласови

Read more
 

Вести

Променливо облачно со повремени врнежи од дожд, а на планините со повремен снег

Читај повеќе

ДИК: Силјановска Давкова освои 324.177, Пендаровски 161.393 гласа по обработени 89,97 отсто

Читај повеќе

Димитриевски до Пендаровски: Разликата е огромна, откажете се од оваа битка и оставете нè да победиме во вториот круг

Читај повеќе

Касами: Добитници на овие избори сме ние, ДУИ има купено гласови

Читај повеќе

Ванковска: Мојата цел беше не да победам, туку да вознемирам една застојана елита

Читај повеќе

Нема да се откажеме и нема да ги наведнеме главите, порача Ковачевски

Читај повеќе
  • play_arrow

Мицкоски: Цунамито се крена, на 8 мај ќе ги потопи целосно, победуваме со над 170.000 разлика

Читај повеќе

Пендаровски: Анализите ќе покажат дали граѓаните ме казнија мене поради СДСМ

Читај повеќе
  • play_arrow

Османи: Европскиот фронт станува една голема локомотива за европската иднина на нашата држава

Читај повеќе