Апликации кои ви се потребни ако сакате да патувате

Бидејќи живееме во време кое е диктирано од технологијата, за да отидете на патување повеќе не е доволно само да се спакувате и да го понесете пасошот, туку морате и да ги имате потребните апликации кои ќе ви овозможат полесно да се снајдете во земјата во која патувате.

Апликациите треба да ви помогнат во патувањето, да ви овозможат да ги посетите најдобрите места без да се изгубите, но најважно од сѐ, тие треба да ви обезбедат подолго време за одмор. Затоа, тука сме да ви препорачаме неколку апликации за iOS и Android без кои не би требало да тргнете на патување.

WhatsApp

Оваа апликација служи како комуникациска алатка и сметаме дека веќе знаете за што се работи. Она што ја одвојува WhatsApp од сите останати апликации за комуникација е стабилноста на конекцијата и енкриптирањето на пораките, две работи кои се многу важни доколку знаете дека во времето додека патувате ќе бидете поврзани на Wi-Fi мрежа на некое од локалните кафулиња. WhatsApp е достапна за iOS и Android.

Google Maps

Ако сте корисник на iPhone, конечно можете да ѝ кажете збогум на Apple Maps и да се префрлите на многу подобрата алтернатива, Google Maps. Причината поради која треба да ја имате апликацијата Google Maps во вашиот телефон треба да ви е добро позната – таа ќе направи да не се изгубите во непозната земја. Таа е достапна за iOS и Android.

TripAdvisor

Иако голем дел од луѓето користат Yelp за да дојдат до совети за тоа каде треба да престојуваат, што треба да посетат и каде треба да јадат, сепак TripAdvisor е визуелно многу подопадлива и попрегледна од Yelp, па затоа ја препорачуваме неа. Тука можете да прочитате многу совети и коментари од луѓе кои претходно ги посетиле местата на кои сакате да одите, па така полесно ќе го испланирате времето. TripAdvisor е достапен на iOS и Android.

реклама

Три уреди во домот што никогаш не треба да се исклучуваат од струја

Read more

Откриена најголемата змија што некогаш живеела на Земјата

Read more

Кардиолог: Единственото нешто полошо од кафе е кафето со млеко

Read more

Полната Месечина во Скорпија на 24 април ќе направи хаос

Read more

Софтвер

WhatsApp добива AI chatbot

Read more

Apple ја отвори App Store за емулатори на ретро игрици

Read more

Microsoft во цел свет ги одвојува Teams и Office

Read more

Instagram има скриена игрица - како да се најде?

Read more
 

Гик

Poetry Camera ги претвора фотографиите во поезија

Читај повеќе

Три популарни теории за тоа како почнал животот на Земјата

Читај повеќе

Grindr во центарот на скандал: Споделувале ХИВ статус на корисниците

Читај повеќе

Сондата Voyager 1 се „разбуди“ - повторно испраќа податоци од вселената

Читај повеќе

Европа е под топлотен стрес - се загрева најбрзо од сите континенти

Читај повеќе

На повидок нов револуционерен начин на потрага по вонземен живот

Читај повеќе

Откриена најголемата змија што некогаш живеела на Земјата

Читај повеќе

Маж во Холандија имал ковид 613 дена: Пронајдени се над 50 мутации на вирусот

Читај повеќе
  • play_arrow

Вештачка интелигенција управуваше борбен авион против човечки пилот

Читај повеќе