Апокалипса во Мексико: Песочна бура проголта град
Милионскиот град Тореон го зафати песочна бура, низ улиците на градот изгледаше како сцена од хорор филм.
Тореон е еден од најважните индустриски и економски центри во Мексико, а се наоѓа во сојузната држава Коауила во северниот дел на Мексико. За момент животот во оваа метропола застана откако огромна песочна бура го нападна градот.