Апокалиптичен квартал: Tesla со загуба од 702 милиони долари

Компанијата за производство на електрични возила Tesla вчера соопшти дека минатиот квартал имала загуба од 702 милиони долари. Приходите на компанијата паднаа за 37% во споредба со претходниот квартал.

Волстрит веќе беше подготвен за, како што аналитичарите го нарекоа, „апокалиптичниот квартал“, но резултатите се многу полоши од очекуваното.

Иако компанијата и претходно има пријавувано големи загуби, аналитичарите предвидуваа дека Tesla ќе влезе во минус со околу 301 милиони долари за тој квартал. Реалните бројки се покажаа повеќе од двојно поголеми.

Вредноста на акциите на Tesla се намали по објавувањето на извештајот, но потоа се врати во нормала.

Компанијата пријавуваше профит два квартали со ред претходно. Минатиот квартал, на пример, имаше профит од 139 милиони долари, со рподажба од 7,2 милијарди долари.

Има неколку причини за загубата на Tesla, според аналитичарот Карл Брауер од Autotrader. Една од нив е фактот дека автомобилските брендови како Porsche, Audi, Mercedes и Hyundai влегоа на пазарот за електрични возила со свои модели, со што ѝ приредија сериозна конкуренција на Tesla за прв пат во историјата на компанијата.

Од компанијата рекоа дека очекуваат следниот квартал бројките да се подобрат.

реклама

Зошто треба да ставите алуминиумска фолија зад рутерот?

Read more

Голем месечен хороскоп за април 2024: Ретрограден Меркур им ги мрси конците на неколку знаци

Read more

Едноставен и брз метод: Белите патики повторно ќе изгледаат како нови

Read more

Како е поврзано пиењето кафе со ракот на дебело црево?

Read more

Бизнис

Дарко Лукиќ од 1 јули е новиот извршен директор на Групацијата Нелт

Read more

Синоним за престиж – Шпаркасе Банка ја претстави новата дебитна картичка Visa Platinum

Read more

Странските компании загубија 107 милијарди долари со повлекувањето од Русија

Read more

Раст на Волстрит по три дена пад

Read more
 

Вести

Тешка сообраќајна несреќа во Кичево: 3 млади лица го загубија животот, има и тешко повредени

Читај повеќе

Денеска се отвора Џевахир Мол Скопје во Аеродром

Читај повеќе

Притвор од 48 часа за две лица кои се задржани по убиството на лекарот во Железара

Читај повеќе

ВМРО-ДПМНЕ: Нашата идна Влада ќе спроведе ограничување на маржите на лековите и проширување на позитивната листа за бесплатни лекови

Читај повеќе

Силен земјотрес ја погоди Бугарија

Читај повеќе

Израел ја нападна Сирија: 38 загинаа во Алепо, меѓу кои и членови на Хезболах

Читај повеќе

Лавров: Украинскиот план е бесмислен, вклучува повлекување на нашата армија од освоените територии

Читај повеќе

Без струја дел од Карпош

Читај повеќе

Сончево и топло време со температура до 27 степени

Читај повеќе