УЕФА ЛИГА НА ШАМПИОНИ 2022/2023

Апокалиптични сцени во Неапол по хулиганскиот судир пред Наполи - Ајнтрахт

Хулиганите повторно го засенија фудбалот и приредија сцени како од филм низ неаполските улици.

Натпреварот помеѓу калчолигашот Наполи и бундеслигашот Ајнтрахт требаше да биде фудбалски празник во Кампанија, но наместо тоа во преден план изби хаосот што го направија хулиганите.

Навивачите на Ајнтрахт прво се судрија со полицијата, а потоа на улица излегоа и домашните навивачи кои ги нападнаа Германците. Откако ситуацијата се смири на градските улици населението имаше можност да види апокалиптични сцени.

Тепачката на навивачите зад себе го остави центарот на Неапол уништен, голем број искршени излози од продавници и кафулиња на познатиот плоштад Пјаца дел Џезу, но и запален полициски автомобил.

Сето ова предизвика шок кај локалното население кое во неверување гледало како неколку стотици Германци, како старите Вандали, го уништуваат градот.

Инаку, Вандалите, по кои доаѓа и зборот вандал, биле германски народ кој преку тешко уништување во V создал свое кралство во Шпанија, неколку острови во Медитеранот и Северна Африка.

URL
URL
URL
реклама

Фудбал

Меси има 5 добри причини да се врати во Барса

Read more

Супержена: Го победи ракот и го донесе Челси до полуфинале на ЛШ

Read more

Куман: Претседателот на Барселона ме излажа за Меси

Read more

Де Хеа одби да го продолжи договорот со Манчестер Јунајтед

Read more
 

Спорт

Ракометната ЛШ ќе се игра и за викенд, тренерите добија право на челенџ

Читај повеќе
  • play_arrow

Крафт најдолго леташе на Планица

Читај повеќе

Украина донесе одлука која ќе предизвика хаос во светот на спортот

Читај повеќе

Меси има 5 добри причини да се врати во Барса

Читај повеќе
  • play_arrow

Преродените Лејкерс на праг на директен влез во плеј-оф

Читај повеќе
  • play_arrow

Супержена: Го победи ракот и го донесе Челси до полуфинале на ЛШ

Читај повеќе

Куман: Претседателот на Барселона ме излажа за Меси

Читај повеќе

Де Хеа одби да го продолжи договорот со Манчестер Јунајтед

Читај повеќе

Откриено колку пари заработил Лука Модриќ во кариерата

Читај повеќе