Apple: Евтините батерии ја намалуваат побарувачката на iPhone

Пред само неколку дена Apple пријави дека очекува пад на профитот од 9 милијарди долари, што се должи на опаѓачката побарувачка на моделите на iPhone. Од компанијата велат дека причината за падот се корисниците кои ги заменуваат батериите на нивните смартфони.

Минатата година, Apple призна дека ги модификува постарите iPhone модели да компензираат за старите батерии во нив, што предизвика некои од телефоните целосно да се гасат. Бидејќи ја признаа вината, тие обезбедија замена на батериите за само 29 долари наместо по редовната цена од 79 долари.

Порано, кога перформансот на телефонот им ослабнуваше, корисниците на iPhone го заменуваа нивниот телефон со понов модел. А сега, по признанието на Apple тие купуваат нова батерија и така го решаваат проблемот со послабата работа на телефонот. Поради тоа, новите модели на iPhone кои се продаваат по цени над 1.000 долари, почесто остануваат на полиците во продавниците од причина што корисниците најдоа поевтина замена.

Уште повеќе влијаеше објаснувањето од страна на Apple, кои им појаснија на корисниците на iPhone каде се наоѓа опцијата која го прави нивниот телефон побавен и помалку функционален, па сега тие самите можат да ја исклучат таа опција. Во текот на 2018 година, голем дел од „негативните“ квалитети на iPhone моделите беа исфрлени, што значи дека телефонот доби подолг животен рок.

Денешниот извештај на Apple е значаен и поради тоа што е прв извештај по 1 ноември 2018 година – датумот кога компанијата објави дека нема повеќе да објавува конкретни бројки за продажба на нивните уреди. Како што забележавте, ниту во новиот извештај не се споменува ниту една бројка.

реклама

Мобилни

Boring Phone е антисмартфон создаден во соработка помеѓу Heineken и Bodega

Read more

Samsung повторно е најголем производител на смартфони во светот

Read more

Apple ќе овозможи поправка на iPhone со користење на користени делови

Read more

HMD ги претстави Nokia мобилните 6310, 5310 и 230

Read more
 

Гик

  • play_arrow

Откриено тајно brutality за Mortal Kombat 1

Читај повеќе

Poetry Camera ги претвора фотографиите во поезија

Читај повеќе

Три популарни теории за тоа како почнал животот на Земјата

Читај повеќе

Grindr во центарот на скандал: Споделувале ХИВ статус на корисниците

Читај повеќе

Сондата Voyager 1 се „разбуди“ - повторно испраќа податоци од вселената

Читај повеќе

Европа е под топлотен стрес - се загрева најбрзо од сите континенти

Читај повеќе

На повидок нов револуционерен начин на потрага по вонземен живот

Читај повеќе

Откриена најголемата змија што некогаш живеела на Земјата

Читај повеќе

Маж во Холандија имал ковид 613 дена: Пронајдени се над 50 мутации на вирусот

Читај повеќе