Софтвер

Apple ги објави најпопуларните апликации во 2018 година

4. декември 2018 - 21:55 | А.С.

Технолошкиот гигант Apple објави листа со најпопуларните апликации во изминатата година.

Апликацијата YouTube е на прво место и ги надмина сериозните ривали како Facebook, Instagram и Snapchat.

YouTube лани беше на трето место зад Bitmoji и Snapchat. Годинава Snapchat падна на трето место, а Bitmoji дури на шесто, а Instagram се искачи на второ место.

Меѓу 20-те најпопуларни бесплатни апликации во 2018 година се: YouTube, Instagram, Snapchat, Messenger, Facebook, Bitmoji, Netflix, Google Maps, Gmail, Spotify Music, Amazon, Uber, WhatsApp Messenger, Pandora, Wish, TikTok, CashApp, Google Photos, Google Chrome и Twitter.

Изненадувања на листата нема, но самиот факт дека YouTube е попопуларен од апликациите за социјални мрежи, тоа значи дека стана апликација што е сериозна конкуренција.

Според анкетите спроведени претходно годинава, YouTube е најпопуларна апликација меѓу тинејџерите.

Од апликациите што се плаќаат, на врвот се оние за уредување фотографии, а на првото место веќе втора година по ред е Facetune. На второ место е апликацијата за специјални ефекти Kirakira+.

Apple објави и листа на 20 најпопуларни бесплатни игри што ја сочинуваат Fortnite, Helix Jump, Rise Up, PUBG Mobile, Hole.io, Love Balls, Snake VS Block, Rules of Survival, ROBLOX, Dune!, Subway Surfers, Episode, Word Link, Toon Blast, Color Road!, HQ Trivia, Twisty Road!, 8 Ball Pool, Kick the Buddy и Sniper 3D Assassin: Gun Games.

Коментирај