Конечно се случи: Apple ја освежи понудата на iPad уреди со два нови модели, од кои едниот е подобрена верзија на веќе постоечкиот iPad mini, а другиот е долго очекуваниот iPad Air.
iPad Air e нешто потенок, но и поголем од сите постоечки iPad уреди. И двата уреди ќе поддржуваат употреба на Apple Pencil.
Новиот iPad Air чини 499 долари и има екран со дијагонала од 10,5 инчи – значително поголем од стандардниот iPad, кој има дијагонала од 9,7 инчи и се продава по цена од 329 долари. Овој модел работи со Smart тастатура, а работењето е течно и брзо благодарение на процесорот А12, кој претставува големо подобрување во однос на процесорите од претходната генерација на уреди од Apple.
Компанијата подготви и нешто поскап, Pro верзија на овој уред, која има поголема внатрешна меморија и можност за поврзување со телефон. iPad Air е достапен во сива, сребрена и златна боја.
Покрај него, Apple ја претстави и новата верзија на моделот iPad mini, која има екран со дијагонала од 7,9 инчи и чини 399 долари.
Основната верзија доаѓа со 64GB внатрешна меморија, но со мала доплата можете да ја добиете верзијата со 256GB внатрешна меморија.