Apple ги тргна сите апликации од руската VK

Речиси сите апликации во сопственост на компанијата VK веќе не се достапни за преземање од AppStore.

AppStore на Apple во понеделникот ги блокираше повеќето апликации кои доаѓаат од рускиот екосистем VK, вклучително и најголемата услуга за социјално вмрежување во земјата, VKontakte. Американскиот технолошки гигант досега јавно не соопшти никакви причини за овој потег.

Отстранувањето, исто така, влијаеше на групата VK Music, таблата за огласи Youla, платформата за недвижнини Domclick и други апликации. VK holding (претходно позната како Mail.ru Group) го потврди отстранувањето на апликациите, уверувајќи ги корисниците дека веќе инсталираните апликации ќе продолжат да работат на уредите на Apple.

„VK ќе продолжи да развива и поддржува апликации за iOS. Нашите експерти прават сè за да ја задржат и продолжат да ја подобруваат удобноста на корисниците“, се вели во соопштението на компанијата, признавајќи, сепак, дека крајните корисници може да имаат проблеми со плаќањата.

Apple се нема огласено по ова прашање и не даде причина за отстранување на апликациите на VK.

Руското Министерство за дигитални прашања соопшти дека ја контактирало компанијата со официјална истрага за отстранување на апликациите.

„Министерството за дигитални прашања испрати барање до Apple Inc за причините за бришење на VK апликациите и програмерските сметки, нагласувајќи го општественото значење и обемот на користење на услугите што ги обезбедува руската компанија“, соопшти Министерството, додавајќи дека откако компанијата ќе одговори на барањето, ќе следи неодреден „план за акција“.

Отстранувањето на апликациите од AppStore доведе до пад на акциите на VK на руската берза, губејќи повеќе од 20% во понеделникот. Цената донекаде успеа некако да се врати назад, добивајќи повеќе од 7,5% денеска.

реклама

Волстрит се тресе, инвеститорите стравуваат

Read more

Дали секое Светско досега било наместено?

Read more

Необичен знак за недостаток на витамин Б12

Read more

Кои зачини помагаат за побрзо варење и здрави црева?

Read more

Софтвер

Нова тура штетни апликации отстранети од Play Store, избришете ги ако ги имате

Read more

Apple тестира еден од најважните новитети за iOS

Read more

Samsung ќе понуди побрза надградба на новата верзија на Android

Read more

WhatsApp воведе можност за праќање пораки самите себе

Read more
 

Гик

SpaceX го претстави Starshield, нова сателитска услуга фокусирана на националната безбедност

Читај повеќе
  • play_arrow

Како изгледа внатрешноста на лаптоп од карбонски влакна?

Читај повеќе

Кои се најпопуларните графички картички меѓу Steam гејмерите?

Читај повеќе

ЕУ дебатира како правно да се регулира работата на вештачката интелигенција

Читај повеќе

Како бесплатна игра заработи 9 милијарди долари?

Читај повеќе
  • play_arrow

Како НАСА планира да ги врати луѓето на Месечината до 2024?

Читај повеќе

Корисниците во Европа ќе може сами да го поправаат својот iPhone

Читај повеќе

Кои се најпребаруваните поими на Google во 2022?

Читај повеќе
  • play_arrow

Конечно пронајдени остатоците од последниот тасмански тигар

Читај повеќе