Apple го објави iOS 16.3: Голем фокус на безбедноста

Минатата недела Apple објави дека ажурирањето на iOS 16.3 ќе пристигне неделава и таа надградба стигна вчера со главен фокус на безбедноста.

iOS 16.3 додава можност за користење безбедносен клуч за заклучување на вашиот Apple ID и се чини дека ја носи напредната заштита на податоците на компанијата за функцијата iCloud во земји надвор од САД.

Ажурирањето, исто така, го прилагодува системот за итни SOS повици, вклучува нова позадина „Unity“ и додава поддршка за HomePod од втората генерација.

Минатата година Apple ја објави функцијата за безбедносни клучеви, која им овозможува на корисниците дополнително да ги заштитат профилите на iCloud. Вклучена е и напредна заштита на податоците, која ги проширува типовите на податоци што се шифрирани од крај до крај во складирањето на Облакот.

URL

Оваа функција беше достапна во САД со iOS 16.2, но се чини дека новото ажурирање на iOS 16.3 ја носи функцијата на глобално ниво. Apple го отстрани известувањето за оваа функција во која се вели дека е достапна само во САД. Пристигнаа потврди и од некои други земји за неговата достапност.

iOS 16.3 пристигнува и со нови функции за сопствениците на HomePod Mini, откако самите уреди добија ново ажурирање на софтверот. Најзначајната промена е тоа што тие ќе функционираат како сензори за температура и влажност. Исто така, ажурирањето ќе ви овозможи да поставите автоматизација користејќи го вашиот глас и да ја прашате Siri за тоа каде се наоѓаат членовите на семејството, пријателите итн.

Можете да го преземете новото ажурирање со одење до Settings > General > Software Update. Можеби ќе помине некое време пред ажурирањето да стане достапно за сите, но во секој случај, ова ажурирање може да го очекувате многу наскоро.

Тагови
реклама

Како Американците го „украдоа“ најнапредниот советски хеликоптер?

Read more

Што значи кога ви игра окото и дали може да биде сериозно предупредување?

Read more

Кои 19 Samsung телефони нема да го добијат ажурирањето на Android 14?

Read more

Што да јадете за здрав црн дроб?

Read more

Софтвер

Шест знаци дека некој ви го шпионира компјутерот

Read more

TikTok во САД воведува нови опции за помлади од 18 помалку да го користат

Read more

YouTube Music им овозможи на корисниците да создадат своја радио станица

Read more

Пет совети како да ја забрзате работата на вашиот компјутер

Read more
 

Гик

Ново истражување за магичното дејство на пијалакот ајауаска

Читај повеќе

Среќен роденден Twitter: Што пишува во првиот твит објавен пред точно 17 години?

Читај повеќе

Кои 19 Samsung телефони нема да го добијат ажурирањето на Android 14?

Читај повеќе

Зошто светот не мрда со прст да се спаси од климатските промени?

Читај повеќе
  • play_arrow

Роботска ајкула од Темза дневно собира по 21 илјада шишиња

Читај повеќе

Како најдобро да се заштитите кога купувате онлајн?

Читај повеќе

Нови докази за мајката на Да Винчи - била робинка од Источна Европа?

Читај повеќе

На Земјата ѝ се заканува фосфогедон - што е тоа?

Читај повеќе

Што може да направи Xbox Series X, а PlayStation 5 не може?

Читај повеќе